Една нова техниката на снимање со висока резолуција им овозможи на истражувачите да ѕирнат во внатрешната машинерија на клетката што работи со полна пареа.
Клетката содржи делови наречени органели. Органелите се задолжени за цела низа на функции и заеднички работат за да го овозможат функционирањето на клетката. Но, набљудувањето на нивните интеракции со постоечките техники на снимање и филмување на микрониво, досега беше во најмала рака кажано, проблематична задача.
Но, ова не ги спречило Донг Ли и неговите колеги од Кинеската академија на науките во Пекинг. Со цел да добијат подобар увид во работата на клетката, тие ги обележале органелите со флуоресцентни маркери. Потоа ги осветлиле клетките со слаба светлина што била доволна за да се осветлат структурите, но не и да се осветли заднината. Видеата што тимот ги сними од внатрешноста на клетката имаат резолуција висока до 97 нанометри и се составени од речиси 266 слики во секунда.
Едно вакво видео покажува како митохондриите, енергетските генератори на клетката, се двојат на местата каде што го допираат меѓуклеточниот мембрански систем наречен ендоплазматски ретикулум.
Авторите на техниката велат дека со нејзин понатамошен развој би можеле да добијат и 3Д слики во суперрезолуција со коишто би можело да се набљудува динамиката на органелите.
Достигнувањето е објавено вo научното списание Cell.