Секоја мозочна клетка работи како мини компјутер, барем според првата воопшто направена снимка на електричната активност на клетките на човекот со супер-прецизно ниво на детаљи.
Мозочните клетки, невроните, меѓусебно комуницираат со генерирање на електрични импулси вдолж нивната форма. Овие електрични импулси истражувачите ги детектираа и измерија со внесување на микроскопски електроди во нив. Повеќето од овие истражувања беа направени на неврони од глодари при што клетките биле одржувани во живот во лабораториски сад, каде овие клетки остануваат живи по неколку часа. Но, Марка Хамет од Техничкиот институт на Масачусетс во Кембриџ, сакал да ја провери сличноста помеѓу човечките и глувчешките неврони, а за оваа цел употребил живи ткива коишто ги добил од хирурзи коишто отстраниле мали делчиња од мозокот од луѓе што патат од епилепсија.
При претходните снимања на сигнали од внатрешноста на човечките неврони, снимките секогаш беа правени од внатрешноста на “стеблото“ на оваа структура налик на дрво. Тимот на Харнет употребил потенки електроди со коишто успеа да ја сними активноста и во внатрешноста на најнежните гранки, наречени дендрити, што се наоѓаат на краевите од стеблото.
Секој неврон може да има околу 50 дендрити, а секој дендрит има стотици синапси, односно точки во коишто се поврзува со другите неврони. Токму од овие сигнали што течат низ синапситe кон дендритите зависи дали самиот дендрит ќе формира електричен сигнал вдолж неговото тело.
Во споредба со глувчешките, дендритите кај невроните од човек покажало дека имаат помалку јонски канали, молекули поместени во надворешната мембрана на клетката коишто овозможуваат електрицитетот да тече вдолж дендритот. Иако ова налик личи на лоша вест, се чини дека оваа појава и дава на секоја од мозочните клетики поголема пресметковна моќност. Замислете си неврон на глушец. Ако сигналот започне вдолж еден дендрит, клетката има толку многу јонски канали за да го спроведат електрицитетот така што сигналот најверојатно ќе продолжи кон главното стебло на невронот. Кај невронот на човекот, од друга страна, неизвесно е дали сигналот ќе продолжи кон главното стебло, според Харнет, дали ова ќе се случи зависи од другите дендрити. Ова овозможува илјадници синапси од дендритите на секој неврон колективно да ја донесат конечната “одлука” дали во стеблото ќе се формира сигнал. Според Хaрнет: “Потребно е да се формираат специфични шеми на почетен импулс за да се создаде сигнал”
Истражувањето е објавено минатата недела во научното списание Cell.