Конструиран е најмалиот оптички жироскоп на светот, уред којшто се потпира на светлина а не на механички подвижните делови. Од ваквите оптички жироскопи се очекува да имаат многу поголема прецизност во однос на механичките.
Во внатрешноста на конвенционалните оптички жироскопи, намотката од оптичко влакно ги пренесува пулсевите ласерска светлина, некои во насока на движење на стрелките на часовникот, а некои во спротивна насока. Уредот ја мери стапката на ротација детектирајќи ги малите промени во времето за коешто пулсевите пристигнуваат во сензорот.
Габаритот на оптичките жироскопи тешко се смалува бидејќи со намалување на нивната големина се ослабува и сигналот на нивниот сензор, па тој се губи во шумот што делумно се создава од прекршувањето на светлината.
За да го надминат овој проблем, Парам Киал (Parham Khial) и неговите колеги од Калифорнискиот технички институт во Пасадена консструирале фотонски жироскоп со низок шум. Инженерите ги врежале каналите за спроведување на светлината во силициумски чип со површина од само 2 mm2. На овој начин овозможиле светлината да патува во секој од првците во различен круг, така што растурањето на светлината нема да го “збунува” сензорот на уредот. Новата конструкција периодично ја менува насоката на светлината, со што се поништува и голем дел од шумот.
Откритието е објавено минатата недела во Nature Photonics.