Материјал што самиот се лепи и заздравува откако се скинал или бил изгребан? Tокму така, создаден е материјал што самиот се “поправа” и тоа од вообичаени лесно достапни индустриски материјали.
Иако и претходно стасуваа вести дека се создадени материјали што самите се обновуваат по кинење или кршење, за првпат е добиен материјал со вакви својства без притоа да бидат потребни хемиски промени или примена на електрични или магнетни полиња за материјалот да се “пришие”.
Марек Урбан и неговите колеги на Универзитетот Клемсон во Јужна Каролина развиле материјал што сам од себе зацелува користејќи ги молекуларните сили на кохезија коишто материјалот го држат во една целина. Тимот синтетизирал полимери, синџирести молекули со повторливи сегменти од два типа на акрилати – соединенија на база на јаглерод. Двата вида на акрилат наизменично се повторуваат кaj долгите низи на полимери. Меѓусебната интеракција на акрилатните сегменти предизвувала трупање и усукување на низите.
Во рок од околу 14 часа по сечењето, материјалот успеал да поврати повеќе од 90% од неговата еластичност, што му овозможува да биде отпорен на оштетувања. Симулациите укажуваат дека натрупаните низи како пружина се вратиле во првобитната форма. Ова враќање овозможило деловите што се состојат од променливи сегменти повторно да се врзат еден со друг.
Однесувањето може да се искористи за производство на самоодржливи пластики, бои и премази. Откритието е објавено во Science минатата недела