Ископувањата во близина на Хаифа во Израел, направени во една пештера што била користена како погребно место, открија интересен наод. Се чини дека пештерата освен како место за одлагање на телата на починатите имала и друга, световна намена.
Археолозите ги проучувале артефактите останати од Натуфијците, прастара група на полуномадски ловци-собирачи коишто се заслужни и за производството на најстариот леб на светот. При проучување на локацијата, тие откриле траги од алкохол во камените вдлабнати направени во подот на пештерата. Наодите укажуваат дека вештината на правењето пиво им била позната на овие луѓе пред околу 13 000 години, што е многу пред досега претпоставеното. Пред ова откритие, најстарите докази за производство на пиво датираа од пред 5000 години. Покрај тоа, новото откритие го побива и досега прифатеното мислење дека пивото било само нуспроизвод при правењето на лебот. Точеното пиво најверојатно се користело при ритуалните гозби во чест на починатите, велат истражувачите, и било далеку од она што денес го знаеме како пиво. Имено, ова прастаро пиво најверојатно имало кашеста структура.
Откритието ќе биде објавено во новиот број на Journal of Archaeological Sciencе.