Микробите што се дел од нормалната хумана флора предизвикаа подем на видови од бактерии отпорни на лекови – тие сега можат да се најдат во здравствените установи ширум светот. Мутираните бактерии отпорни на антибиотици можат да предизвикаат светска епидемија од инфекции коишто се стекнуваат во болниците.
Бактеријата Staphylococcus epidermidis живее на човечката кожа и вообичаено е безопасна за својот домаќин. Но, штом дојде до повреда на кожата, бактеријата може да навлезе подлабоко и да предизвика низа инфекции, особено кај лицата со медицински импланти, како што се катетрите и брумилите, или пак, на пример, кај лицата со вградени вештачки срцеви залистоци.
Бенџамин Хауден (Benjamin Howden) од Институтот за инфекции и имунитет “Питер Доерти” во Мелбурн, Австралија, и неговите колеги разгледале стотици примероци од S. epidermidis собрани во 96 болници и истражувачки центри во 24 земји. Тие откриле три бактериски видови отпорни на речиси сите антибиотици, коишто во текот на изминатите неколку децении се рашириле низ целиот свет. Истражувачите исто така откриле дека некои од генетските мутации идентификувани во овие видови се отпорни не само на антибиотикот рифампицин, туку и на антибиотиците коишто се користат како последна линија на одбраната – кaков што е ванкомицинот. Клиничките упатства честопати препорачуваат вкрстена употреба на рифампицин и ванкомицин при справување со инфекција од стафилокока, со цел да се спречи развојот на отпорност на лекови. Но, наодите на авторите на новото истражување укажуваат дека оваа комбинација всушност може да ја зголеми отпорноста кон антибиотици на S. epidermidis.
Истражувањето е објавено овој месец во Nature Microbiology.