Рубрика: Астрономија и астронаутика
Сатурновата поларна светлина
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 04.09.2018 - 12:45

Минатата, 2017 година, вселенскиот телескоп Хабл во период од седум месеци направи серија фотографии на Сатурн во ултравиолетовото светлинско подрачје, со цел да ја “фати” поларната светлина којашто трепери околу неговиот северен пол.

Механизмот на формирање на аурората е сличен како и тој на Земјата, но со една многу битна разлика. Наелектризираните честички во форма на Сончев ветер удираат во магнетосферата на планетата којашто во најголем дел ги одбива, но истовремено одреден процент останува “заробен” во неа. Овие заробени честички реагираат со магнетното поле на планетата и  ги следат линиите на полето кон магнетните полови. А сега, за разликата.

На Земјата самиот состав на атмосферата овозможува и нормална оптика видливост на овој природен спектакл. Но, ова не е случај и на Сатурн. Сатурновата атмосфера во најголем дел се состои од водород, па како последива на ова поларните светлини на овој планетарен џин на се видливи во спектарот на видливата светлина, но можат да се набљудуваат во ултравиолетовото браново подрачје. За оваа цел вселенскиот телескоп Хабл беше нагоден за набљудување со помош на неговиот спектрограф.

Фотографијата во прилог, дело на НАСА и нејзините партнерски агенции, претставува композитна слика којашто ги обединува набљудувањата направени пред и по севернииот солистициум на планетата.

Набљудувањата со телескопот Хабл се направени во исто време кога сондата Касини ги броеше последните денови од нејзината мисија, а која во ист период ја фотографираше шпојавата на аурораи на Сатурн.

Анализите на податоците добиени од обете набљудувања деновиве беа објавени како труд во Geophysical Research Letters.

Набљудувањата направени минатата година со вселенскиот телескоп Хабл
Клучни зборови:
Фотографија од Сатурновите аурори направена во 2008 година со помош на Хабл

Фотографија од Сатурновите аурори направена во 2008 година со помош на Хабл