Рубрика: Астрономија и астронаутика
Келт 9б – планетата со метално небо
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 20.08.2018 - 14:00

Уметничка визија на планетата Келт 9б

Келт 9б, една од најневеројатните досега откриени егзопланети, уште еднаш ги изненади астрономите со откритието дека во нејзината атмосфера содржи метали, поточно железо и титаниум, вели истражувањето објавено во списанието Nature.

Планетата е уникатна во повеќе погледи. Се наоѓа на околу 620 светлосни години од Земјата, во соѕвездието Лебед (Cygnus) и е позната како жежок Јупитер. Речиси трипати е поголема од Јупитер, а нејзината површинска температура достигнува неверојатни 3780°C, со што Келт 9б е и официјално најжешката егзопланета откриена до денес.  Оваа огромна температура е потопла од температурата на некои ѕвезди, поместувајќи ја на граничната линијата помеѓу ѕвезда и планета од типот на гасен џин.

Токму оваа супер-жешка температура, којашто е резултат на премногу блиската орбитата  до матичната ѕвезда, овозможува на металите да се наоѓаат во гасовита состојба и да ја исполнуваат атмосферата, велат наодите на научниот тим предводен од Јенс Хејмакерс (Jens Hoeijmakers) од Универзитетот во Женева, Швајцарија.

Набљудувањата започнале ноќта на 31 јули 2017 година, додека Келт 9б поминувал пред неговата матична ѕвезда. Тогаш кон егзопланетата бил вперен и спектрографот ХАРПС-Север, којшто е дел од Националниот телескоп Галилео (Telescopio Nazionale Galileo) на шпанскиот канарски остров Ла Палма. Телескопот забележал промени во бојата во атмосферата на планетата, што е резултат на различните својства на филтрирање на светлината на атмосферските елементи.

Со одземање на обичната ѕвездена светлина од светлината којашто минува низ атмосферата, тимот го составил спектрографот хемискиот состав на планетата.

Очебијни во атмосферскиот состав биле титаниумот и железото, кои поради огромните температури на Келт 9б бележат драматична промена во изобилството на наелектриузирани и ненаелектризирани атоми. По сложените анализи и вкрстената споредба на резултатите, забележани биле неверојатни пикови во јонизираните форми на двата метала.

Веќе подолго време постои сомневање дека на некои од егзопланетите може да се најдат железо и титаниум, но сè досега тие тешко се откриваа. На места како Земјата, каде што двата елементи најчесто се наоѓаат во цврста форма, постудените услови на ваквите егзопланети значат дека атомите на железо и титан обично се во молекуларна врска со други елементи, читај во форма на руда. Но, жештината на Келт 9б придонесува за гасовито присуство на металите во атмосферата во еднородна форма, во вид на наелектризирани атоми, коишто тешко можат да кондензираат и да се врзат во покомплексни соединенија.

Иако ова е прв случај на откривање на железо во атмосферата на една егзопланета, присуството на титан веќе претходно бешт откирено во форма на титаниум диоксид на Кеплер 13Аб, којашто е уште еден врел гасовит џин. Од друга страна пак откритието на Келт 9б претставува прва детекција на елементарен титан во атмосферата.

Засега познато е дека атмосферата на Келт 9б содржи и водород, којшто лесно може да се идентификува без некои  сложени анализи, коишто се потребни за идентификација металите. Сепак, едно истражување во јули откри дека водородот буквално буквално испарува од планетата, што ја поттикнува хипотезата дека неговото ослободување можеби ги “влече” металите повисоко во атмосферата, со што се олеснува нивното откривање.

Понатамошните истражувања на Келт 9б продолжуваат, со очекување за откритие и на други метали. Сложената анализа што беше применета при ова истражување, пак, би можела да биде употреби за препознавање на составните елементи и во атмосферите на други егзопланети.

Клучни зборови:
Уметничка визија на планетата Келт 9б

Уметничка визија на планетата Келт 9б

Телескопот на Ла Палма со чија помош беа напавени откритијата

Телескопот на Ла Палма со чија помош беа напавени откритијата