Го краси блесок, брзина и неверојатн моќност. Иако звучи како реклама за најнов спортски модел на автомобил се работи за компјутер. Самит (Summit) е новиот ултрабрз компјутер поставен во лабораторијата за физика во Оук Риџ во Тенеси, САД. Новиот суперкомпјутер зазема серверски простор со големина на 2 тениски игралишта и може да направи 200 квадрилиони (односно 200 000 000 000 000 000) пресметки во една секунда. Брзината од 200 петафлопи најверојатно ќе му ја донесе титулата на најбрз и најпаметен суперкомпјутер во светот.
Она што особено ги возбуди американците е што новиот компјутер е побрз од досега најбрзиот суперкомпјутер кој се наоѓа во Кина. Имено, кинескиот суперкомпјутер Санвеј Таихулајт сместен во Националниот центар за компјутерски пресметки во Вугзи, Кина, којшто ја носеше титулата најбрз на светот, може да изврши “само” 93 квадрилиони пресметки во секунда.
Суперкомпјутерот Самит е всушност IBM AC922 систем кој го сочинуваат 4608 компјутерски сервери кои функционираат како процесори. Но, тоа што ја чини разликата е она што се случува во внатрешноста на овие процесори. Компјутерите имаат инкорпорирани Tensor Core карактеристики во нивните графички картички, производство на Nvidia, а се дизајнирани со јасна намера да бидат употребени за машинско учење и вештачка интелигенција (ВИ), а се разбира и да бидат неверојатно брзи. Чиповите се оптимизирани за посевен вид на матаматички пресметки со матрици, правоаголници исполнети со броеви со правила за собирање, одземање и множење на различни редови и колони.
Во суштина, за разлика од постарите компјутерски чипови, овие чипови се оптимизирани за посебен тип математички операции со матрици или правоаголници полни со броеви со правила за додавање, одземање и множење на различни редови и колони. Компјутерите опремени со програми за ВИ честопати учат употребувајќи т.н. невронски мрежи, кои имаат по неколку слоеви во кои пониските пресметки се внесуваат во повисоките. Овие процеси на големо се потпираат на употребата на матрици и токму оваа карактеристика е она што им помогна на инженерите да ја пробијат бариерата од милијарда милијарди пресметки во секунда.
На Самит на располагање му стојат огромни количини супер брза меморија (RAM) во секој од нодовите кои имаат по 512 GB RAM меморија, а во кои може да се прават локализирани пресметки.
Самите не доаѓа евтино - чини 200 милиони американски долари, но од суперкомпјутерот се очекува да влезе во коестец со некои од најгорливите научни проблеми.