Сите насмевки не се исти. Всушност научниците идентификувале три вида на насмевки: насмевка што дава поттик и охрабрување, насмевка што оддава чувство и поврзаност и доминантна насмевка што дава знак за супериорност. Просечната личност многу лесно може да ги разликува овие три вида, според обликот и големината на насмевката и обликот на очите на соговорникот која тој се смее.Со цел да го утврдат начинот на којшто луѓето потсвесно реагираат на овие три вида на насмевки, истражувачите им дале задача на 90 мажи да одржат краток говор пред камера. Веднаш потоа, тие гледале како машки судија “реагира” на нивниот говор, снимка за која на учесниците им било кажано дека е снимана истовремено со нивниот говор. Вториве снимки всушност биле претходно направени. “Судиите” во своите оценки употребувале една од трите видови насмевки. При набљудувањето на “оценките” за нивниот говор нивото на хормонот на стрес, кортизол, се покачил кај учесниците во сите три случаи, но се зголемил дури трипати повеќе кај учесниците кои кај судиите препознале доминантна насмевка. Ова значи дека човечкиот мозок е конструиран да ги препознава изразите на лицето дури и кога нема вкучен глас на говор – доминантната насмевка означува потенцијална закана, така што нивото на стрес се зголемува. Но, лицата со помали варијации во нивниот пулс, состојба поврзана со нарушувања од типот на социјална анксиозност и депресија, на пример, покажале поблага реакција на доминантната насмевка. Според научниците, ова може да е знак дека луѓето кои патат од овие нарушувања реагираат послабо на социјалните сигнали како насмевката, но за заклучокот да биде конечен потребни се понатамошни испитувања. Трудот за ова истражување е објавен во научното списание Scientific Reports.