Aвтоимуните заболувања бележат пораст во последниве години. Со оглед на тоа што тие немаат очигледни симптоми, а дури од неодамна се вложуваат и поголеми напори за зголемување на свеста за постоењето на овие состојби, голем дел од пациентите минуваат години без да добијат точна дијагноза.
Но, се чини дека работите во дијагностиката и третманот на овие состојби тргнуваат нанапред. Тим од научници од Универзитетот Јеил сметаат дека ја откриле основната причина за нивното настанување, а истовремено развиле и методи за лекување.
Трудот објавен во списанието Science ги поврзува автоимуните реакции со бактеријата enterococcus gallinarum, која природно ја имаме во цревата. Автоимуната реакција, според нив, може да се активира кога бактеријата спонтано мигрира од цревата, во други органи во телото, како слезината, црниот дроб и лимфните јазли.
Автоимуното заболување е состојба на хронично воспаление што го предизвикуваат сопствените имуни клетки на лицето, што погрешно го наведуваат телото да се чувствува дека е под закана и да реагира со напаѓање на здравите ткива. Лупусот, ревматоидниот артритис и Хашимото тирозата се само три од над стоте состојби што ја чинат оваа категорија. Сега, тие можат да се додадат на долгата листа болести поврзани со состојбата на цревните бактерии.
За време на истражувањето, тимот ги изманипулирал гените кај заморчињата што биле користени за да ги направи глувците подложни на автоимуни болести. Потоа ги анализирале цревните бактерии за да ги идентификуваат тие што предизвикале воспаление или биле вклучени во производството на антитела за коишто се знае дека предизвикуваат автоимуна состојба. Како главен “виновник “ билa посочена бактеријата enterococcus gallinarum.
Резултатите биле потврдени при споредување на клеточните култури земени од црниот дроб на здрави луѓе, наспроти примероците замени од лица со автоимуна болест. При тестовите, траги од enterococcus gallinarum биле пронајдени кај втората група.
Она што е битно е што при истражувањата не само што бил идентификуван изворот, туку биле развиени и ефективни начини за намалување на автоимуните симптоми. Со користење на антибиотици или вакцина, бил потиснат растот на еnterococcus gallinarum, при што се смириле и симптомите.
Се надеваме дека ова истражување ќе донесе до развој на успешни опции во третманот за одредени автоимуни болести, вклучувајќи ги автоимуното заболување на црниот дроб и системскиот лупус.