Рубрика: Омнибус
Знаевте ли дека...?
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 08.03.2018 - 14:15

Неколку интересни факти за патувањето низ времето, човекот, човечкото тело и спрејовите. 

Доколку постои “парадоксот на дедовците” и ако некој може да се врати во сопственoто минато, тогаш логично е и да се постави прашањето дали би можел да влијае на настаните во сопственото минато или нешто да промени, со што комплетно би се нарушиле причинско-последичните условености. Како одговор на тоа прашање, а по барање на Карл Саган, научниците Кип Торн и Мајкл Морис понудиле три можни математички решенија што ги направил Мајкл Морис. Тие се: 
а) Патникот кој би се вратил во минатото, воопшто не би можел да влијае на сопственото минато, затоа што тоа еднаш веќе било и завршило; 
б) Патникот би можел да го промени сопственото минато, но тогаш таа промена ќе предизвика смрт на патникот или дури уништување на целиот универзум и 
в) Патникот ќе може да го измени сопственото минато, но тогаш би се нашол во некоја паралелна вселена. 

Во разните спрејови има нетоксичен и стабилен гас, хлорофлуоркарбон, кој може да остане и по 150 години во таква форма и постепено се дига во атмосферата и до 40 километри, кадешто го разложува сончевата светлина, ослободувајќи хлор. Само еден атом од така ослободениот хлор може да уништи 100000 молекули озон. На тој начин се создаваат опасните озонски дупки. 

Човекот поминува 3,95% од животот во затворен простор, 3% некаде помеѓу затворен и отворен простор и 2% на отворен простор. Научниците претпоставуваат дека овој просек во иднина сè повеќе ќе се зголемува и луѓето, можеби, еден ден и сосема ќе бидат затворени во своите живеалишта. 

Човековото тело, кое се состои од околу 10 квадрилиони клетки, домаќин е дури на 100 квадрилиони бактериски клетки што живеат и дејствуваат, се множат и му помагаат или одмагаат на човекот, а тоа од своја страна го поставува мошне незгодното прашање: дали бактериите се дел од нас или, пак, ние сме дел од нив? Тие ниту градат солитери ниту им требаат вселенски бродови; ни компјутери и интересни телевизиски емисии. Меѓутоа, бактериите ќе бидат на Земјата и кога Сонцето ќе се претвори во црвен џин, а ние сме сега овде, можеби, само затоа што тие ни го дозволиле тоа – како што велат некои, бидејќи без нив не би можеле да живееме ни еден ден.

Клучни зборови: