Што се случува во смисла на амортизација со задниот мост при возење на возилото по рамен и нерамен пат како и при сопирање и забрзување? Многу интересно видео клипче на оваа тема е може да погледнете подолу. Она што не се гледа се придушувачките сили во амортизарите (пригушивачите) кои се многу поголеми во нов отколку во стар амортизер, а се пренесуваат (урамнотежуваат) на местата за прицврствување на амортизерот како удари. Познато е дека оваа сила е правопропорционална (или производ) на коефициентот на придушување и брзината на помест на мостот во вертикална рамнина. Обрнете внимание и на делумното (како реакција) завртување на погонскиот мост нанапред при кочење и наназад при забрзување. И овде она што не се гледа е големината на моментот кој е правопропорционален на интензитетот на кочење и силината на моторот при забрзување, а се урамнотежува со еластичните реакции на врска на погонскиот мост. Гледајте и уживајте. Премногу уникатни информации на едно место со кои ќе имате претстава како реално изгледаат реалните еластични врски на машинските склопови оптоварени во реални услови.