Оваа година е посветена на воздухопловното моделартсво и тоа во светски рамки. Во текот на месец јули се одржаа 2 Светски купа и Светско првенство за јуниори во категориите Ф1А, Б, Ц и Х, слободнолетачки модели. Во почетокот на овој месец, на 1-ви и 2-ри октоври се одржаа уште два Светски купа и тоа “Македонија куп” и “Никшиќ куп – Црна Гора”. Секако, резултатите од овие два купа се бодуваат за генерален пласман на Меѓународната воздухопловна федерација (ФАИ).
Во организација на Воздухопловната Федерација на Македонија, Спортскиот клуб “Фил Феникс” Прилеп, со сесрдна поддршка на локалната самоуправа на град Прилеп, на ден 1. и 2. октомври, се одржаа двата цветски купа, Македонија и Никшиќ куп – Црна Гора. И двата натпревара се одржаа по максимално поволни временски услови, со извесни осцилации кои всушност овозможија да се потврди квалитетот на натпреварувачите. Секако, голема заслуга има и пространиот спортски аеродром Прилеп, но и доброто организаторско искуство на клубот “Фил Феникс” – Прилеп предводено од Здравко Тодоровски, како и мерачите на време од други клубови од Македонија кои придонесоа да се направат два вистински квалитетни натпревари. На натпреварот зедоа учество натпреварувачи од Бугарија, Германија, Данска, Словенија, Србија, Русија, Турција, Црна Гора, Шведска и домаќинот Македонија. Како што напоменав спонзорот на Никшиќ куп се одлучи купот да се одржи во Македонија, односно во Прилеп токму заради горенаведените услови во поглед на инфраструктурата и квалификуваниот кадар за одржување на вакви натпревари.
На ден 1-ви октомври се одржа Македонија куп при што во категоријата ф1А едрилици во конкуренција од 41 натпреварувач пласманот беше следен: Првото место го освои Михаил Ломов, Русија со освоени 1020 + 278 бода пред Андрија Пешик Србија со 1020 + 254 бода и третопласиран беше Радое Благоевиќ со 1020+244 истотака од Србија. За одбележување беше тоа што победникот се одлучи по дополнителните летови на таканаречен Fly Off. Најдобро пласиран македонски натпреварувач беше Гоце Јосифовски со освоени 998 бода.
Во категоријата Ф1Б модели со погон на гума се појавија 16 натпреварувачи и конечниот пласман беше следен: прво место освои Бојан Гостојич Србија со освоени 1020 + 373 бода пред Александар Шелепов МНЕ – Црна Гора со освоени 1020 + 361 бод и третопласираниот Радое Благоевиќ Србија со освоени 1013 бодови. Радува фактот што и во оваа категорија претставникот на Македонија Климент Масин го освои 7-то место со 900 бодови со што покажа дека можеме да очекуваме и подобри резултати во иднина.
Категоријата Ф1Ц модели на погон со мотори со внатрешно согорување е специфична по својата тежина како по однос на технологија, но и техника на подготовка на моделот и токму заради тие причини бројот на натпреварува беше помал, но резултатите не изостанаа. Во конкуренција од 7 натпреварувачи од три земји првото место го освои Николај Рекхин од Русија со освоени 1020 + 384 бодови, пред Станчо Христов Добрев, Бугарија со освоени 1020 + 230 бодови и третопласиран беше Александр Дроздов со освоени 875 бодови. Македонскиот натпреварувач Коста Стојановски го освои 6 место со 540 бови но успех е и тоа ако се земе во обзир пред се техничката подготовка.
Најголема радост за Македонската репрезентација дојде од категоријата Ф1Х.
Во конкуренција од 9 натпреварувачи од 4 земји најдобро се пласира, освојувајки го првото место Кристина Иванова од Бугарија со 545 бода пред Марјан Димов Македонија со освоени 507 бода и третопласиран беше Момчил Јованов од Бугарија со 476 бода.
На ден 2. октомври се одржа Никшиќ куп од Црна Гора. Како и првиот ден така и за време на на овој временските услови без малку беа идеални со мали корекции кои бараа од натпреварувачите вистнска вештина. И од тие причини организаторот и главниот судија направија извесни измени во време траењето на турнусите во согласност со водачите на екипи. После петте турнуси и одржаните дополнителни летови резултатите по категории беа следни:
- Во категоријата Ф1А едрилици, во конкуренција од 31 натпреварувач, првото место го освои Михаил Ломов од Русија со освоени 1020 + 398 бода, пред Даниел Терлеп Словенија со 1020 + 346 бода, а третопласиран беше Томас Ваимер од Германија со 1020 + 324 бода. За одбележување беше тоа што победникот се одлучи по дополнителните летови, во таканаречен Fly Off. Најдобро пласиран македонски натпреварувач беше Марјан Димов со освоени 1008 бода.
- Во категоријата Ф1Б модели со погон на гума се појавија 16 натпреварувачи. Прво место освои Бојан Гостојич од Србија со освоени 1020 + 362 бода пред Аљоша Анастасов Македонија со 1020 + 354 бода. Третопласиран беше Александар Шелепов МНЕ – Црна Гора со освоени 1020 + 325 бода. Радува фактот што и во оваа категорија претставникот на Македонија Аљоша Анастасов го сребрен медал и покажа дека во иднина може да очекуваме и шампионски титули.
- Во категоријата Ф1Ц модели на погон со мотори со внатрешно согорување во конкуренција од 7 натпреварувачи од четири земји првото место го освои Александр Дроздов од Русија со освоени 1020 бода пред Николај Рекхин од Русија со освоени 984 бодови. Третопласиран беше Станчо Христов Добрев од Бугарија со освоени 973 бодови.
- Во категоријата Ф1Х настапија 5 натпреварувачи од 3 земји. Најдобро се пласира, освојувајќи го првото место, Кристина Иванова од Бугарија со 592 бода, пред Марјан Димов од Македонија со освоени 491 бода. Третопласиран беше Урбан Терлеп од Словенија со 486 бода. Од резултатот на Марјан Димов навистина можеме да бидеме задоволни и среќни, особено што се натпреваруваше во две категории освојувајќи 2 медали во Ф1Х и висок пласман во категорија Ф1А.
Во јуниорска конкуренција на Македонија Купот резултатите по категории беа следни:
- Во категоријата Ф1А едрилици во јуниорска конкуренција 1. место освои Михаил Ломов од Русија, 2. место Урбан Терлеп од Словенија и 3. место Матиц Пирих од Словенија.
- Во категоријата Ф1Б модели со погон на гума се појавија 16 натпреварувачи и конечниот пласман во јуниорска конкуренција беше следен: 1. место Бојан Гостојич од Србија, 2. место Ванеса Вескова од Бугарија и 3. место – Александар Цветановски од Македонија
- Во категодијата Ф-1-Х Јуниори 1. место освои Кристина Иванова од Бугарија, 2. место Урбан Терлеп од Словенија и 3. место Викториа Пејкова од Бугарија.
Резулетите од натпреварувањата во јуниорска конкуренција на Никшиќ куп – Црна Гора се следни:
- Во категоријата Ф-1-А јуниори едрилици во конкуренција од 31 натпреварувач во јуниорска конкуренција, 1. место го освои Урбан Терлеп од Словенија. 2. место му припадна на Матич Пирих од Словенија и 3. место освои Михаил Ломов од Русија.
- Во категоријата Ф1Б модели со погон на гума се појавија 16 натпреварувачи. Првото место го освои Бојан Гостојич од Србија, второто Ванеса Вескова од Бугарија, додека третото место му припадна на Александар Цветановски од Македонија.
- Во категоријата Ф1Х настапија 5 натпреварувачи од 3 земји. По три турнуси најдобро се Кристина Иванова од Бугарија на 1. место, Урбан Терлеп од Словенија го освои 2. место, а 3. место беше Викториа Пејкова од Бугарија.
Правејќи резиме на случувањата од двата дена од натпреварот со право можеме да бидеме задоволни од квалитетот на натпреварите како во натпреварувачка така и во организациска смисла. Факт е дека македонските натпреварувачи заостануваат во поглед на најновите технички достигнувања, но пружаат и одлични резултати со максимално ангажирање и сопствено вложување во материјали за комплетирање на воздухопловните модели. Секако најмногу сме хендикепирани во категоријата Ф1Ц качувачи, бидејќи нашиот претставник настапува со модели кои се надминати по технологија десет и повеќе години.
Што се однесува до организацијата, таа беше на висина со напомена дека е потребно во иднина да биде обезбеден поголем број на мерачи за да има можност да бидат рапределени по двајца на стартното место, а за дополнителните летови и по тројца. Друг проблем е придржувањето кон закажаните термини, комуникацијата со водачите на екипите. Сите евентуални приговори треба да одат преку водачите на екипи и да не се дозволува комуникација со повеќе лица од екипата во случај на приговор. Тоа значи поголеми ингеренции на главниот судија. Со надминување на овие слабости следниот натпревар од меѓународен ранг ќе биде уште поуспешен.