Рубрика: Телекомуникации
Интел го забрзува патот до 5G
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 24.02.2016 - 15:30

Интел корпорацијата објави нови партнерства во индустријата и производи кои ги поставуваат основата за побрзи, попаметни и поефикасни 5G безжични мрежи дизајнирани за да испорачаат неверојатни нови искуства низ секојдневниот живот. Од вградени уреди во опремата на спортистите и беспилотни летала со способност за избегнување судири, до автономни возила, “паметни“ градови и уште повеќе – поврзување на ИоТ уреди, луѓе и облак-системи, современите технологии доведуваат до невидени оптoварувања на денешните безжични мрежи.
Интел работи со лидерите на мобилниот екосистем со цел да го отвори патот за широка комерцијална достапност на 5G.

Ериксон и Интел соработуваат со мобилните оператори за 5G решенија и прават заеднички тестирања, како продолжување на моменталното партнерство за трансформација на мрежите и, клауд и IoT. KT и Интел ќе имплементираат 5G тестирањата во 2018 што развиваат и верифицираат 5G безжична технологија со поврзаните уреди, виртуелните мрежни платформи и здружената стандардизација.

ЛГ електроникс и Интел ќе развијат и ќе ја тестираат 5G telematic технологијата за автомобили од следната генерација, додека Нокиа и Интел соработуваат за пред-стандардизација на 5G радиотехнологија и мрежните решенија што ќе овозможат рана имплементација за 5G мобилни клиент мрежи и безжична инфраструктура, како и 5G радиотехнологии за да ги задоволат барањата на уредите за поврзување со идните безжични мрежи.

СК Телеком и Интел развиваат и верифицираат 5G мобилен уред и решенија за мрежи, како и уреди за Licensed Assisted Access (LAA) во 2016. Во нивната континуирана соработка во доменот на 5G технологиите, компаниите претставија напредок кај радио мрежните технологии, вклучувајќи “anchor-booster“ ќелии и масивно MIMO за иден напредок на капацитетот на 5G мрежата. Веризон и Интел веќе спроведуваат теренски испитувања за 5G безжичните решенија преку Веризон 5G Technology Forum, со цел да се демонстрира како милиметарскиот бранов опсег е способен за поддршка на проток на податоци и за брзини поголеми од оние на денешните мобилни мрежи, и како оваа технологија е остварлив начин за испорачување на висококвалитетна и брза безжична конекција во домовите и бизнисите.

5G пробната мобилна платформа нуди високи перформанси за побрза интеграција и тестирање на 5G уреди и безжични пристапни точки. Интел во моментов соработува со глобалните оператори за развој на 5G, прототипизација и за тестирање со овие нови пробни платформи. Интел испорачува безжични комуникациски решенија за широк спектар на “паметни“ телефони, таблети, компјутери и IoT уреди. Решението Intel Atom x3-M7272 е безжична комуникациска платформа за автомобилски апликации способни за напредни безбедносни опции, како firewalling и packet inspection. Модемот Intel XMM 7115 е дизајниран за да го поддржи првиот бран во индустријата на уреди и апликации базирани на Narrowband IOT (NB-IOT). Модемот Intel XMM 7315 комбинира LTE модем со апликациски процесор на еден чип, ги поддржува LTE Category M и NB-IOT стандардите и е идеален за широко покривање, со ниска потрошувачка и со ниска цена. Intel XMM 6255M обезбедува робустна 3G конекција во предизвикувачки средини и е 20% помал од претходната генерација, тој е најмалиот standalonе 3G модем. Поврзува голем број на неповрзани уреди за да се овозможи побрза транзиција до идните безжични мрежи.

 

 

--- промотивен напис ---

Клучни зборови: