Кога некоја течност се лади, нејзините молекули во почетокот се движат во безредие и завршуваат со формирање на кристална структура. Молекулите на стаклото покажуваат иста појава, која е карактеристична за течностите. Имено, тие во својата крута состојба запазуваат една тотално случајна структура, дури и на температури при кои стаклото станува цврсто како камен. Инаку со тек на време секое парче стакло завршува со губење на својата почетна форма и боја, но феноменот не е забележлив бидејќи тоа се случува во размер од десетина милијарди години, речиси во ист размер како и староста на универзумот.