Звучи шашаво, но ова е уште една необична научна вистина. Се работи за последица од гравитациското дејство на Месечината врз Земјата. За да се разбере тоа, треба да се вратиме на дефиницијата за должина на денот (се подразбира деноноќие).
Неговата должина е дефинирана со времето за кое Земјата прави една полна ротација околу својата оска. Тоа време сега изнесува 24 часа. Но, бидејќи Месечината со своето гравитациско дејство ја издигнува водата во океаните, а ефектот го знаеме од претходната тема: последицата е перманентно забавување на брзината на ротацијата на Земјата, или со други зборови кажано, перманентен пораст на должината на денот.
"Овој ефект е минимален, имено порастот на денот изнесува само 2,7 милисекунди во тек на еден век. Но, во многу подолг временски период, на пример, по 200 милиони години, денот нема да трае 24 часа, туку 25 часа и 30 минути", објаснува Жак Ласкар (Jacques Laskar) од опсерваторијата во Париз.
Според тоа, тогаш бројот на денови во годината ќе биде помал, имено таа ќе содржи 343,5 дена, па во споредба со година која содржи 365 дена, таа ќе изгледа релативно "пократка".