Секој сопственик на милениче се прашува понекогаш колку неговото милениче, и животните општо, се навистина интелигентни. Дали имаат некаква претстава надвор од она што се нивните физиолошки потреби и инстинкти и како го перципираат светот околу нив. Па еве еден одговор од областа на математиката ☺
Кај некои животни истражувачите забележале дека тие имаат чувство за броеви! Така на пример ако на шимпанзото му се понудат два послужавника со одреден број чоколатчиња, така што едниот послужавник да има две купчиња чоколатчиња, едното купче со 4 и другото со 3, а вториот послужавник има исто така две купчиња, но едното со 5 и другото со само едно чоколатче, шимпанзото ќе го одбере првиот послужавник, небаре тој ја извел математичката операција собирање: 4+3=7 и 5+1=6, а потоа ги споредил резултатите и го одбрал поголемиот збир од чоколатчиња!
Извесна слична способност е забележана и кај пилињата. Имено, кога ним ќе им се понуди сокриена храна зад два непроѕирни засолништа, тие го избираат она засолниште, кое може да маскира поголемо количество храна, небаре знаат дека тоа има поголем маскирен капацитет! Слични способности се забележани и кај лемурите, кај некои видови дождовници и кај некои риби.