Градот Хановер повторно станува центар на дигиталниот свет. Најголемиот и најпознатиот саем за информатички и комуникациски технологии во светот CeBIT, денес официјално ги отвара своите врати во Хановер, Германија, а н него ќе се претстави и Claxi - првата македонска апликација за повикување на такси.
Тимот на Claxi на CeBIT ќе го презентира концептот на апликацијата, предностите и поволностите коишто таа им ги носи на корисниците, во обид да се пробие и на странскиот пазар. Во моментов тимот на Claxi работи на лансирање на оваа апликација на српскиот пазар.
Claxi, оваа година реши да ги изненади своите корисници, подарувајќи беслатни влезници на сите оние коишто сакаат да бидат дел од CeBIT 2015. Заинтерсираните кои сакаат да станат добитник на оваа влезница, потребно е да го контактираат тимот на Claxi, на contact@claxi.net.
На овогодинешниот саем CeBIT кој ќе се одржи од 16-ти до 20-ти март се очекуваат повеќе 500 000 посетители и околу 4 000 изложувачи од над 70 држави, а на саемот ќе бидат претставени најиновативните решенија од ИТ индустријата. Меѓу излагачите повторно се наоѓаат Microsoft, IBM, Apple, Dell, Sony, Phillips, HP, Samsung, Western Digital, Logitech, но и илјадници други, а цената на билетите започнува од 110 евра.
Свеченото отворање беше одржано вчера, а настанот официјално го отворија Штефан Шошток (Stefan Schostok), градоначалник на градот Хановер, Дитер Кемпф (Dieter Kempf), претседател на Германската асоцијација за информатичка технологија и телекомуникации, Џек Ма (Jack Ma), основач и извршен директор на Alibaba Group, како и германската кацеларка Ангела Меркел (Angela Merkel).
Повеќе за Claxi може да најдете на claxi.net