Печурките како храна и лек се користат веќе илјадници години. Во почетокот биле собирани само два вида печурки, а подоцна било почнато и нивното одгледување. Во денешно време се одгледуваат домашни печурки, кои многу се користат во исхраната.
Познато е дека печурките имаат позитивно влијание на количеството шеќер во крвта и на регулацијата на крвниот притисок. Сепак, најголем интерес има за резултатите дека некои видови печурки имаат противтуморно влијание и ги регулираат сите воспаленија.
Во зависност од сортата, 100 грама печурки во просек содржат енергетска вредност од 18 до 26 килокалории, што печурките ги прави многу корисни. Тие имаат 10 – 20 пати помалку калории отколку некои слатки или чаша алкохолен пијалак.
Во исхраната најчесто се користат следниве видови печурки: шампињони, буковки, шитаке, лисичарки и шмрчак. Има повеќе видови шампињони, а се разликуваат по обликот и по бојата.
Печурките содржат малку калории, но многу корисни состојки потребни за организмот: бакар, протеини, растителни влакна, растителни масти, растителни масла, витамин А, витамин Б-комплекс, витамин К, глукаин, железо, ензими, етерични масла, калиум, калциум, магнезиум, манган, натриум, оксална коселина, пектин, протеини, селен, јаглени хидрати, фосфорна киселина, фосфор, хлор и цинк.
Печурките дејствуваат како антиоксиданс и во себе содржат лековити состојки кои поволно дејствуваат кај следниве болести и тегоби: Алцхајмерова болест, акни, алергија, анемија, астма, депресија, дијабетес, за нормален раст, за подобра концентрација и помнење, за зараснување на раните, импотенција, јакнење на нервниот систем, при нарушен метаболизам, макуларна дегенерација, некои видови рак, неплодност, нервозна состојба, одржување на крвните садови, остеопороза, ПМС, превенција кај органите за варење, проблеми со штитната жлезда, проблеми со лошиот холестерол, проблеми со крвниот притисок и крвните садови, проблеми со косата и кожата, проблеми со нервите, проблеми со коските и со забите, против дебелина, против стрес, проблеми со простатата, проблеми во бременоста, проблеми со апетитот, срцеви болести, ја подобрува работата на желудникот и на цревата, набиеност и истегнување.
Печурките, покрај исхраната, се користат и за правење лекови. Интересно е дека во фармацијата од отровните печурки се екстрахираат корисни состојки за производство на лекови.
Некои печурки можат да се користат во исхраната свежи и термички обработени, додека поголемиот дел се користат со претходно приготвување: варење, пржење, печење или динстање.
Печурките се користат како основна состојка на многу јадења, но и како додаток на супите, чорбите или во комбинација на зеленчук и месо. Поради полесно чување, некои печурки се сушат, па сушени се користат за приготвување на некои јадења, супи и чорби.
При користење на печурките што ние или нашите блиски сме ги собрале, треба да бидеме внимателни и да побараме помош од експертите бидејќи отровните печурки можат да бидат слични со неотровните, а секоја грешка може да предизвика сериозни здравствени проблеми, односно труење на организмот кое може да заврши со смрт.