Амалгамот, како средство за пополнување на оштетени заби со кариес, се употребува веќе многу години. Пломбите изработени од амалгам се познати и како сребрени пломби. И покрај познатиот факт дека тие содржат и до 50 % жива, во повеќето земји во светот сè уште се сметаат за сигурни по здравјето, а многу стоматолози им даваат дури и предност, бидејќи механички се поотпорни и двојно потрајни од белите забни пломби. Исто така, една од предностите на амалгамските пломби е и нивната ниска цена, што ги прави да бидат достапни за секого. Но, постојат и други мислења кои се базираат на низа истражувања, а кои тврдат дека овие пломби претставуваат опсност и за пациентот и за стоматологот.
За опасноста од амалгамските пломби почна да се говори во поново време. Многумина и денес не знаат дека таквите пополнувања на оштетените заби можат да бидатšштетни по нивното здравје, но и опасност за оној што им ги става. Сепак, за жал, и покрај многубројните и сèèпогласни предупредувања на научниците, FDA не ја забранува употребата на амалгамските пломби, освен ако се работи за деца помлади од 6 години, трудници и за лица со нарушено здравје. Во овие случаи, FDA пред употреба советува консултација со лекар. Така, се добива впечаток дека овие пломби потенцијално би можеле да бидат штетни само за деца, трудници и за лица со ослабнат имунитет, но не и за остатокот од популацијата. Тоа не е така, тврдат истражувачите. Живата е извор на опасности не само за трудниците и за децата, туку и за сите нас!
Денес многумина не знаат дека живата е опасен канцероген отров, особено за имунолошкиот систем. Во минатото, речиси сите вакцини содржеле жива, а многу од нив ја содржат и денес, како на пример вакцината против грип. Утврдено е дека живата за 10% го зголемува ризикот за заболување од Алцхајмерова болест. Во согласност со тоа, не е тешко да се заклучи дека грижата околу присутноста на отровот во нашата уста не е неоснована. Дури и заговорниците на амалгамските пломби признаваат дека од таквите забни пломби со текот на времето може да дојде до испуштање живина пареа, која со вдишување се апсорбира најмногу во белите дробови, а потоа преку крвта доаѓа до сите органи. На тој начин живата од пломбите може да стане причинител на разни болести како што се: карцином, Алцхајмерова, Паркинсонова и Кронова болест, ревматоиден артритис, мултиплекс склероза, болест на бубрезите, гастритис, колитис, алергии и астми, болки во мускулите, несоница, анксиозност, проблеми поврзани со учењето и концентрацијата, исцрпеност, хроничен умор, депресија и друго.
Американските научници врз база на мерење на концентрацијата на жива во телото на лица заразени со кандида заклучиле дека дури 80 % испитаници имале зголемено ниво на жива во телото. Сигурно си го поставувате прашањето како се испушта живината пареа од пломбата? Живината пареа се испушта од пломбите при џвакање и при миење на забите, а ако имате повеќе такви пломби, штетата е потенцијално поголема. Се смета дека најголема изложеност на жива се случува во текот на ставањето и отстранувањето на амалгамските пломби, и тоа како за пациентите, така и за стоматолозите!
Од друга страна, не е точно утврдено и не се знае дали е поопасно таквите пломби да се задржат или да се отстранат, бидејќи со невнимателно отстранување значително количество жива може да заврши во организмот, поголемо од она кое би се ослободило ако пломбите останат и понатаму во забите. Одлуката за замена на амалгамските пломби е индивидуална и подложна на лична процена на потенцијалнитеšштети на подолг или пократок рок. Ако се решите за отстранување на амалгамските пломби, секако пронајдете забар кој ќе ги разбере вашиот став и одлука и ќе ги извади со максимално внимание.
Значи, врз база на многу истражувања, тврдат истражувачите, не е спорно дека помалку или повеќе, амалгамските пломби се опасни. Затоа, ако морате да ставате пломба, издвојте пари за бели пломби од нови, современи материјали. Белите пломби кои не се опасни по здравјето се состојат од кварц и различни минерали и смола. Недостаток им е тоаšшто се послаби, полесно се кршат и паѓаат, поради што треба почесто да се менуваат. Во секој случај, алтернатива постои, а предноста на белите пломби за здравјето е немерлива во однос на парите. Затоа, не дозволувајте забарот да ви стави амалгамски пломби и да го доведе во опасност вашето здравје.
Сето ова околу пломбите, за среќа, го знаат многу стоматолози во светот и кај нас, па така употребата на амалгами е во опаѓање, но и од естетски причини. Сепак, се поставува прашањето: до кога амалгамските пломби ќе се ставаат во забите оштетените од кариес? Последниот збор за тоа дали амалгамските пломби и понатаму ќе се користат или не, би требало да £ се препушти на науката. Но, тоа за жал сè уште не е така. Заверата на молчење за šштетноста на амалгамите произлегува од едноставниот факт што тие се поврзани со профитот.
И покрај тоа, денес во некои земји користењето на амалгамските забни пломби е забрането. Така е, на пример, во Норвешка и во Данска, но најмногу поради грижата за зачувување на околината, а не толку поради здравјето на луѓето! Единствено во Шведска е забрането и поради опасност по здравјето. Во останатите земји во светот, искористениот и отстранет амалгам подлегнува на строги правила за одлагање на токсичните материјали, од што совршено е јасно дека станува збор за опасен отров.