Прва индустриска револуција (18. век)
Основа за првата индустриска револуција било воведувањето на механички производни системи кои биле погонувани од вода и пареа. Парната машина, како локомотивата, овозможила енормен пораст на ефикасноста во превозот. Во 1784 година во погон е пуштен првиот механички ткаечки разбој.
Втора индустриска револуција (19. век)
Втората индустриска револуција ја означи користењето на електричната енергија за ново масовно производство и нови видови на организација на производството (фордизам, тејлоризам). На тоа се надоврзува развојот на хемиската индустрија. Во 1870 година, во кланицата во Синсинати, инсталирана е првата подвижна лента.
Трета индустриска револуција (20. век)
Развојот и примената на електрониката и IT секторот отвориле нови можности за управување и автоматизација на производството. Во 1969 година реализирано е првото управување со помош на програмибилните логички кола (PLC), Modicon 084.
Четврта индустриска револуција (21. век)
Во оваа револуција паметните фабрички машини и постројки во голема мера самостојно се организираат, синџирите на испорака сами се синхронизираат и суровините (работните парчиња) за машините, кои во стварниот свет самите си ги изработуваат, даваат информации за производството. Експертите таквата индустрија ја нарекуваат берза на која машините ги нудат своите услуги. Ова се новите, т.н. паметни фабрики (Smart Factory). Оваа револуција е веќе започната, а доказ за тоа се постоечките технологии како нејзин предуслов: интернет, профинет (поврзување на податоци за индустриските системи), симулациски софтвер, портал TIA за брз инженеринг.