Сè почесто се гледа сличноста меѓу функцијата на компјутерот и функцијата на мозокот. Во милијардитиот дел од секундата се обработуваат електронски процеси, со една брзина што е над нашата моќ на претпоставување.
Истражувањата на мозокот докажуваат дека имаме две сосема различни мозочни хемисфери.
Левата мозочна хемисфера се нарекува машка (јанг). Таа е хемисферата што анализира критички сè што петте сетила ќе и приложат. Нејзините мислења и перцепција се линеарни и се поврзани со времето и просторот. Таа сака да гледа сè од логичната перспектива. Сè што е мистериозно, натприродно, задгробно, алогично, сè што е поврзано со шестото сетило за неа е несфатливо и го отстранува како иреално. Левата хемисфера е таа што го претставува научниот, материјалниот свет и како тој се демонстрира. Таа сака да доминира, да контролира, да води.
Во левата хемисфера помнењето стои на располагање, толку колку што е потребно за да се сними она што се доживува, мисли и учи. Значи, може да се спореди со еден персонален компјутер. Тоа се нарекува кратко помнење. Тука е сè што е поврзано со практичното значење, зборување и сметање.
Десната мозочна хемисфера се нарекува женска (јин) страна на мозокот. Таа се занимава со чувства, соништа, интуиција на потсвеста која потекнува од нејзината креативност. Тука мирува знаењето од душевниот слој, душевната, емоционалната свест и можноста телепатски или сензорски да прима информации, па дури и да комуницира телепатски. Десната хемисфера исто така има место на снимање.
Ако левата хемисфера се споредува со персонален компјутер, тогаш десната хемисфера се споредува со главен сервер. Во десната хемисфера е снимено сè од овој живот, и не само знаењето од овој живот, туку сите знаења од пренаталната фаза, а и уште повеќе. Во неа се снимени секоја мисла, момент, секое чувство од сегашниот живот и од минатото. Секој маж и жена во нормална состојба имаат активност на двете хемисфери. Кај некои луѓе е поизразена левата (мажите), кај други десната (жените) хемисфера.
Медицинската техника со години применува апарати со кои ги мери електричните фреквенции и вибрации на мозокот. Тие се делат според фреквенцијата изразена во херц. Нашата будна состојба во која ние со нашите пет сетила ја прифаќаме сега и тука се нарекува бета-состојба. На 13,5 херци нашите сетила веќе не се во целосна свесност. Тогаш ние се наоѓаме во една состојба меѓу сон и јаве. Оваа состојба се наоѓа од 13 до 8 херци и се нарекува мост меѓу будната и состојбата на сонот или алфа-состојба. Секогаш кога човекот заспива и се буди, го поминува овој мост, некогаш побрзо, некогаш побавно. Кога ќе го поминеме алфа-мостот, многу често се случува да заборавиме што сме доживеале во сонот.
Многу научници имаат мислење дека соновите претставуваат информативен материјал од емотивниот слој или од други димензии од кои би можеле да учиме. Затоа сè повеќе научници работат на перцепцијата на сонот. Овој информативен материјал е превисок за нашиот дневен ум, и ни недостига сеопфатен пристап за да можеме да го разбереме и да ги обработиме пораките.
Во тета-состојба се наоѓаме кога заспиваме. Таа се наоѓа меѓу 7,5 и 3,5 херци, тука се сонува и се одвива РЕМ-фазата. Оваа длабока фаза на сон се препознава по брзо движење на очите и јака активност на мозокот. По оваа состојба е делта-состојбата. Оваа состојба ретко кој може да ја постигне, освен некои индиски јогини што можат 3 месеци да се закопаат без да дишат. Таа се наоѓа на фреквенција од 3 до 0,1 херц. Луѓето во клиничка смрт можат да ја постигнат оваа фреквенција.
Кога човекот се наоѓа во длабока алфа-состојба, тој тоа го перципира преку внатрешните чувства што се поврзуваат со емоционалната, душевната свест, а се наоѓаат во десната мозочна хемисфера.
Се доаѓа до влезот на потсвеста. Таа се состои од заборавеното, но некогаш и познато минато, сè што е без свесно регистрирање на случките, соништата, свесноста на душата, високата свест. Во длабока алфа-состојба емоционалното тело може да се набљудува од сите страни и неговите когнитивни и емоционални информации можат тотално да се почувствуваат. Хипнотичкиот стадиум исто така се наоѓа во длабока алфа или тета-состојба.