Во Варшава, градот на 250 000 студенти неодамна се одржа Intel Educational Summit – поглед во иднината на образованието.
Овој годишен настан на едно место собра различни профили на говорници кои дискутираа на тема образование и претприемништво со цел да се идентификува најдобрата практика во образованието на младите луѓе и вештините потребни за да се изгради работна сила која е подготвена за иднината.
Една анкета спроведена минатиот месец од страна на Организацијата за економска соработка и развој (OECD ) откри дека 20 % од работоспособното ЕУ население има ниска писменост и математички вештини, додека 25 % не поседуваат дигитални вештини потребни за ефикасно да се служат со сегашните информатички и комуникациски технологии.
Настанот собра над двесте професионалци од целиот регион на Европа, Средниот Исток и Азија, вклучувајќи и професори, наставници, консултанти, министрити за образование и креатори на политиката и конечно, но не и најмалку важно индустристриски партнери кои активно учествуваа во дискусијата. Овој сплет од експрертски искуства обезбеди фасцинантен увид во широк спектар на теми, почнувајќи од практичните и интерактивни методи на учење со помош на технологија, па сè до педагогијата, политиката и моменталните трендови.
Во Македонија, клучен проблем за професорот е внесувањето на оцени во електронскиот дневник. Во светот, развиен е систем за професорот во текот на целиот час да ги следи своите ученици преку нивните компјутери.
"Професорот може да ги следи компјутерите на своите ученици директно на голем екран пред себе за време на часот – да блокира, сподели или само да ја набљудува меѓусебната интеракција на учениците." – изјави Хуан Пабло Фереро (Juan Pablo Ferrero), Manager Intel Educational System.
Овој систем е дело на водечката компанија во ИТ светот – Интел, а веќе на големо се користи во развиените земји. Учениците во Германија, САД, Британија и уште многу земји во Европа не можат да ги замислат часовите без вклучен компјутер пред себе. За водечките луѓе во Интел така и треба да изгледа образованието во 21-виот век.
"Фокусирање на способностите на 21-виот век – решавање на проблеми, критичко размислување, итн., способности потребни за да се створат нови бизниси" – изјави Шели Еск (Shelly Esque) – Vice President Corporate Affairs President, Intel Foundation. "Пакетот – студентски софтвер, вклучува сè што е потребно за креирање на способностите на 21-виот век – комуникација, колаборација, креативност, критичко размислување и дигитална писменост" – додаде Хуан Пабло Фереро.
Потпретседателот на Интел Џон Дејвис изјави дека Македонија е лидер во регионот за имплементација на нови технологии во правец на подобрување на образованието, но, има уште да се работи во делот на едукаторите (наставници, професори) за директно да се подобри квалитетот на образованието што би требало да резултира со генерирање на економски раст.
Експертите велат дека во следните десет години секој човек ќе поседува најмалку три уреди со пристап до интернет. Повеќето од овие уреди ќе се користат токму во образованието.
Освен дискусиите и презентациите, беа организирани и демонстрации каде беа претставени технологии за во училница. Па така беше демонстрирана и неодамна претставената плоча Галилео како алатка за брза самоградба на едноставни и интерактивни прототипи, како на пример индикатори со LED светилки за одговори на социјалните медиуми, но и како алатка за справување со посложени проекти, како автоматизација на домашните уреди илии самоградва на роботи контролирани со паметен телефон. На интерактивната технологија од овој тип не треба да се гледа единствено како на учебно помагало, туку и како можност да се инспирира ученикот да ги развие својот талент и да се поттикне да можеби и се пронајде себеси во некоја од техничките сфери.