Рубрика: Еурека
Пријавете се за учество на МАКИНОВА 2013 И ЕКОНОВА 2013
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 11.09.2013 - 12:51

Во организација на Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија - СПАТУМ, по 34. пат во континуитет од 1980 година, и оваа година се организира изложбата на пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки и младинско креативно творештво МАКИНОВА 2013, која повторно ќе биде придружена со 11. изложба на иновации, пронајдоци и идеи и чија цел е подобрување на животната средина – "ЕКОНОВА 2013". Манифестациите ќе се одржат на Скопскиот саем, во рамките на саемот "ТЕХНОМА", во периодот од 15 до 19 октомври.
По овој повод СПАТУМ ги повикува производните компании, научно-истражувачките организации, факултетите, училиштата, самостојните иноватори, клубовите на младите техничари и природници и сите заинтересирани правни и физички лица да учествуваат на овие две најголеми манифестации во нашата земја кои суштински се врзани со иновативното, инвентивното и креативното творештво.
Ова е извонредна прилика за сите домашни но и индустриски мајстори, иноватори и дизајнери да ја промовираат и афирмираат нивната идеја, иновација, пронајдок, нов производ, техничко унапредување, дизајн или трговска марка до пошироката стопанска заедница и јавноста во Република Македонија.
Доколку сте заинтересирани, пријавите за учество можете да ги најдете на интернет адресата http://www.atcm.org.mk/index.php/спатум/140-повик-за-учество-макинова-2013-ekoнова-2013 . Организаторот го продолжи рокот за пријавување така што сега пополнетите пријави може да ги испратите најдоцна до 20. септември на адреса: СПАТУМ, Градски ѕид блок 5, 1000 Скопје, п.фах 14 или во електронска форма на spatum@atcm.org.mk
Информации може да добиете и на тел.: 02 32 38 357; и 077 554 801