Рубрика: Психологија
Фејсбук може да ви ја загрози кариерата
Автор: Ирена Кацеска
Објавено на 24.07.2013 - 13:50

Социјалните интернет-платформи како Фејсбук и слични на него може да ви ја уништат кариерата. Според една понова европска студија, дури 28 проценти од менаџерите и шефовите на интернет бараат податоци за своите вработени. Се разбира, менаџерите и шефовите се критични читатели. Три четвртини од пријавените на огласите за вработување имаат лоши изгледи за добивање работно место ако на интернет напишале нешто негативно или пишува нешто негативно против нив, а останатите имаат тешкотии во напредувањето во кариерата.
За половина од менаџерите и шефовите Вашиот приватен живот, како на пример сликите од забавите, носат минусни бодови за кандидатот. Тоа значи дека интернетот може да Ви ја загрози кариерата. Дури една четвртина од шефовите потврдиле дека поради информации што кружат за кандидатите на социјалните интернет-платформи, кандидатите биле одбиени.
Но, постои и нешто позитивно: две третини од шефовите и менаџерите информациите за Вашето хоби од профилот на некој од социјалните сајтови ги сметаат за предност при вработувањето и за напредување во кариерата.