Поговорката: "Утрото е поумно од вечерта", сега го добива и своето научно објаснување, кое вели дека во текот на ноќта ги обработуваме дневните дилеми и затоа често се будиме со решение за некој проблем со кој претходно сме се бореле.
Научниците откриле дека сонувањето, односно РЕМ-фазата на спиење е од клучно значење за справување со внатрешниот немир и со дилемите. Истражувачите на Универзитетот Беркли откриле дека нашиот мозок ги обработува емоционалните искуства во текот на сонот, јавува и на тој начин ги олеснува болните сеќавања.
– Во РЕМ-фазата на спиење нашите сеќавања повторно се активираат, се ставаат во перспектива, се поврзуваат и интегрираат, но во состојба во која стресните неврохемикалии благотворно се потиснати, смета авторката на истражувањето Елс ван дер Хелм. Нејзиниот тим проучувал 35 здрави возрасни лица кои биле поделени во две групи. Двапати на сите во растојание од 12 часа им биле прикажани 150 емоционални слики додека со магнетна резонанца им биле следени мозочните активности. Половина од испитаниците сликите ги гледале наутро и навечер, без спиење помеѓу двете прегледувања, додека другата половина ги гледала сликите навечер, па во утринските часови, по преспиената ноќ. Токму таа група испитаници која спиела по секое прегледување на сликите, на прикажаното реагирала помалку бурно и емотивно.