Мозокот го избегнува "сообраќајниот метеж" со помош на повеќеслојни канали преку кои патуваат мислите.
Мозочните мрежи може да го избегнат сообраќајниот метеж во своите најпрометни раскрсници кои комуницираат на различни фреквенции, откриле истражувачите од медицинскиот факултет во Сент Луис, Универзитетскиот медицински центар во Хамбург и Универзитетот "Тибинген". Многу невролошки и психијатриски болести предизвикаат проблеми со сигнализацијата на мозочните мрежи. Разгледувањето на временската структура на мозочната активност од оваа перспектива може да биде особено корисна во разбирањето на психијатриските состојби како што се депресија и шизофренија, каде што структуралните маркери се ретки.
Научниците вообичаено ги проучуваат мрежите во мозокот, односно областите на мозокот кои редовно работат заедно, со користење на магнетна резонанца, која го следи протокот на крв. Тие претпоставуваат дека зголемувањето на протокот од крв до некој дел од мозокот укажува на зголемена активност во мозочните клетки во тој регион. Магнетната резонанца е корисна алатка, но има и свои ограничувања. Таа ни овозможува да ги следиме активностите на мозочните клетки индиректно, но не е во можност да ги следи активностите кои се случуваат на фреквенции поголеми од 0,1 Hz, или еднашšна секои 10 секунди. Ние знаеме дека некои сигнали во мозокот може да бидат на фреквенција од 500 херци, или 500 пати во секунда.
Магнетоенцефалографијата е користена во едно истражување за анализирање на мозочните активности кај 43 здрави доброволци. Биле пронајдени многу мали разлики во магнетните полиња во мозокот кои се предизвикани од истовремена работа на голем број клетки. Оваа метода може да ги детектира сигналите на фреквенции до 100 Hz.
Се покажало дека различните мозочни мрежи чукаат на различни фреквенции, како часовници кои šотчукуваат со различна брзина. На пример, мрежата која го опфаќала хипокампусот, област од мозокот одговорен за формирање на памтењето, има тенденција да биде активна на фреквенција од околу 5 Hz. Мрежите кои ги сочинуваат областите што се вклучени во сетилата и движењата се активни помеѓу 32 Hz и 45 Hz. Многу други мозочни мрежи се активни на фреквенции помеѓу 8 и 32 Hz. Овие "временски зависни" мрежи личат на различни мапи од авиотури кои се совпаѓаат, но секоја отчукува со различно темпо.
Досега се извршени повеќе истражувања за депресијата и шизофренијата кои покажале просторни промени во организацијата на мозочните мрежи. Магнетоенцефалографијата (Meg) дава подобар увид во работата на временската структура од мозочните мрежи. Во иднина, со овие тестови ќе се олесни следењето на ефикасноста на интервенциите кај менталните болести како што се депресија, шизофренија и други.