Одењето на плажа е прекрасно искуство и може да стане уште подобро ако најдете голема празна школка од која кога ќе се стави на увото можете да ги слушнете звуците на океанот. На возрасните исто така им дава чувство на добротворна семоќ кога им даваат на децата школка и кога ќе го видат изразот на чудење на нивните лица. Бидејќи океанот не може да биде во внатрешноста на школката, звуците на океанот кои доаѓаат од розовите ѕидови на школката делуваат како магија.
Но, всушност што слушаме од школката?
Одговорот е дека ги слушаме звуците околу нас кои школката ги изменува благодарение на "паметната" физика. Едно популарно (но лошо) објаснување е дека ја слушаме сопствената крв која тече во нас. Ова објаснување може да се базира на фактот дека понекогашš го слушаме пулсирањето на крвта кога ќе ја потпреме главата на мека перница. Но, лесно е да се негира оваа теорија со едноставен експеримент. Притиснете ја школката на уво и трчајте неколку минути по плажа за да се зголеми протокот на крв во телото и повторно слушнете ја магичната школка. Ќе сфатите дека обемот на звуците од океанот останал ист.
Сега следува троделно објаснување:
Првиот дел од објаснувањето е дека школката делува како резонатор. Ова се објаснува со примерот со шише. Кога силно ќе дувнете со усните преку отворот на празни шишиња, ќе слушнете музички ноти. Звукот одекнува во шишето. Акустичарот тоа би го нарекол резонантна шуплина, што значи шишето е одличен резонатор. Шишето има неправилна форма – и ќе резонира на повеќе фреквенции. На ист начин тој акустичен филтер (или школката близу до увото) потиснува една фреквенција (или висина на тонот) и засилува други фреквенции. Во една студија, во типично бучна соба, една чаша била држена на увото, а мал микрофон бил поставен покрај тапанчето. Била избрана чаша поради тоа што има поедноставна форма од внатрешната сложеност на школката. Микрофонот има регистрирано 15 децибели погласна резонантна фреквенција на чашата од 648 Hz (споредено со случајот кога не постои чаша до увото). Но, кај двојна фреквенција (1296 Hz), звукот што се слушал билš16 децибели потивок. За да ви даде звук на океанот на школката и треба позадински звук, или звук на околината. Без звук на животната средина го нема ни звукот "океан од школката". Ако одите во звучно изолирана соба и ја слушате вашата омилена школка, нема да слушнете ништо.
Вториот дел од објаснувањето е дека нашиот човечки мозок е извонреден во пронаоѓањето суптилни шаблони во хаотичниот свет кој нè опкружува. Ние можеме "да најдеме" животни во облаците, лицето на Исус на чипс или Дева Марија на столб на ограда.
Третиот дел од објаснувањето е дека живееме во море од звуци, но ги игнорираме повеќето од нив. Ова е слично на феноменот кога ги чувствуваме чорапите или долната облека неколку моменти откако ќе ги облечеме. Нашиот мозок потоа ги блокира чорапите или долната облека од нашата свест до крајот на денот. На ист начин нашиот мозок обично го блокира поголемиот дел од вревата во позадина.
Сега сето тоа можеме да го вклопиме заедно. Школката блиску до вашето уво се однесува како звучен еквивалент на розови очила. Го менува изгледот на звуците кои постојано ги напаѓаат нашите уши, нагласува некои фреквенции, а пригушува други. Значи, комбинацијата уво-мозок препознава дека нешто е променето во целата бучава која доаѓа. Мозокот се обидува да го нагласи тој нов звук и забележува дека сте блиску до океанот – па ја означува таа бучава како океан.
Но, некои луѓе наоѓаат различни шаблони во звуците на школката. Постои еден необичен феномен наречен предвидување на иднината со помош на школка. Ако внимателно ја слушаме школката, можно е по некое време прво да ни се причини дека слушаме фрагменти од зборови, потоа цели зборови, а на крај и цели сегменти од разговори. Но тоа е само забава како резултат на нашата фантазија.