Јонут Будистеану, 19-годишник од Романија ја освои првата награда на овогодишниот Меѓународен саем за инженерство и природни науки на Интел, со имплементација на вештачка интелигенција во вистински модел на автомобил со ниска цена што самостојно се вози.
Јонут истакна дека неговата истражувачка работа се однесува токму на еден од најголемите глобални проблеми. Во 2004-та, сообраќајните несреќи предизвикале 2,5 милиони смртни случаи во светот од кои 87% се припишуваат на возачки грешки. Со помош на 3Д радар и камери, Јонут креирал автомобил со способност за детектирање сообраќајни ленти и кривини, а кој не би чинел повеќе од 4000 долари. Тој ја доби наградата Гордон И. Мур (Gordon E. Moore Award), која изнесува 75 000 долари и е во чест на еден од основачите на Интел, пензиониран претседател и главен извршен директор.
Еша Каре, 18-годишник од Саратога, Калифорнија, ја доби наградата за млад научник од Фондацијата на Интел, вредна 50 000 долари. Со големиот замав на преносливата електроника, Еша ја препознава потребата за мемориски уреди со мала потрошувачка на електрична енергија. Таа развила мал уред што може да го собере во батериите од мобилните телефони, овозможувајќи им да се наполнат за 20-30 секунди. Пронајдокот на Еша има потенцијал за вградување во акумулатори на автомобили.
Хенри Лин, 17-годишник од Шревепорт, Луизијана, исто така ја доби наградата за млад научник од Фондацијата на Интел вредна 50 000 долари. Со симулација на илјадници делови од галаксиите, Хенри и овозможи на науката нови информации за подобро разбирање на мистериите на астрофизичарите: темна маса, темна енергија и рамнотежата на ладење и греење на најголемите објекти во универзумот.
Оваа година, повеќе од 1 600 млади научници беа одбрани да се натпреваруваат на Меѓународниот саем за инженерство на Интел. Тие биле одбрани од 433 слични саеми од 70 земји, региони и територии. Покрај гореспоменатите победници 500 финалисти добија награди и парични надоместоци за нивната револуционерна работа. Наградите вклучуваат 17 победници "Најдобар во категорија", кои добија по 5 000 долари. Фондацијата Интел исто така им додели грантови од по 1 000 долари за училиштата од кои доаѓаат победниците, како и саемите кои ги претставуваат.
Ова е листата на 17-те најдобри во своите категории од кои се одбрани најдобрите тројца:
Ветерина: Мајкл Шао, Нортвил, Мичиген, САД
Бихејворијални и општествени науки: Зарин Рахман, Брукингс, Јужна Дакота, САД
Биохемија: Савана Тобин, Салем, Орегон, САД
Клеточна и молекуларна биологија: Хана Уастик, Палмира, Пенсилванија, САД
Хемија: Еша Каре, Саратога, Калифорнија, САД
Компјутерски науки: Јонут Будистеану Рамницу, Валцеа, Романија
Земја и планетарни науки: Гју Танака, Мобара, Чиба, Јапонија
Електро и машинско инженерство: Зеју Лиу, Калгари, Алберта, Канада
Материјално и биоинженерство: Саманта Маркез, Мидлотиан, Вирџинија, САД
Енергија и транспорт: Иви Собцак, Ст. Петерсбург, Флорида, САД
Менаџмент на животната средина: Шиџуан Ли Лин, Хавен, Флорида, САД
Науки за животната средина: Наоми Шах, Портланд, Орегон, САД
Математика: Винај Ијенгар, Портланд, Орегон, САД
Медицина и здравство: Џеси МекАлпајн, Вудсток, Онтарио, Канада
Микробиологија: Дејвид Зимерман, Лос Анџелес, Калифорнија, САД
Физика и астрономија: Хенри Лин, Шревепорт, Луизијана, САД
Науки за растенијата: Саманта ДиСалво, Хјулит, Рајан Кени, Ејми Вита, Њу Јорк, САД
Меѓународниот саем за природни науки и инженерство под името Национален саем на науки, од своите почетоци во 1950 година го одржува непрофитната организација "Општество за науки и јавност", посветена на активирање на јавноста во научно истражување и образование.
На меѓународниот саем за природни науки и инженерство на Интел учествуваат голем дел од водечките млади претприемачи, иноватори и научници од целиот свет. Финалистите се одбираат од стотици слични саеми. Нивните проекти се проценуваат на над 1200 судии од речиси сите научни дисциплини, секој со докторска дисертација или 6-годишно искуство во конкретната научна дисциплина.
Повеќе информации за ИСЕФ на http://www.societyforscience.org/intelisef2013 и www.intel.com