Висок крвен притисок, висок холестерол, атријална фибрилација или дијабетес, ги зголемуваат вашите шанси за срцев удар или мозочен удар. Преземете ги овие 9 нешта за да ги намалите шансите да добиете срцев или мозочен удар.
1. Вежбање секој ден – Секојдневното умерено вежбање го намалува ризикот од срцев удар од 30% до 50%. Вежбајте најмалку 30 минути, 5 дена во неделата. Ако тоа ви е многу, вежбајте неколкупати во пократки интервали или шетајте околу 15 минути наутро и навечер.
2. Поставете разумни граници за телесната тежината – Ако сте со прекумерна тежина, ослабнете. Притоа не треба да имате манекенска става за да го намалите ризикот од срцев или мозочен удар, но внимавајте на килограмите. Намалување за 5% до 10% од тежината го подобрува нивото на холестерол и ги намалува крвниот притисок иšшеќерот во крвта.
3. Земајте ги редовно пропишаните лекови – Една студија покажала дека 130 000 Американци умираат секоја година, бидејќи не земаат лекови на начин што им го пропишал нивниот лекар, затоа што забораваат да ги земат или се плашат од несакани придружни ефекти.
4. Внимавајте на исхраната – Вложувајќи напори да земате здрава храна, можете да го намалите ризикот од срцеви заболувања за 24%. Јадете: овошје, зеленчук, житарки, риба, и посно месо.
5. Пијте алкохол, но не премногу – Добрата вест е дека секаков вид алкохол му помага на срцето, но премногу алкохол го зголемува ризикот од срцев удар, мозочен удар и симптоми на атријална фибрилација. За да има корист, без ризик, ограничете го алкохолот на еден пијалак ако сте жена и на два ако сте маж.
6. Јадете малку чоколадо – Неколку студии покажуваат дека луѓето што јадат чоколадо околу 30 грама неделно го намалуваат ризикот од срцеви заболувања за речиси 40%, од дијабетес за околу 30%, а од мозочен удар за 30%. Додека истражувачите не го утврдат точниот износ на чоколадо што го намалува ризикот, јадете помалку. Така нема да се здебелите, а и срцето полесно ќе ви работи.
7. Не пушете – Пушењето драматично го зголемува ризикот од срцев удар и мозочен удар. Секоја година, околу 46 000 луѓе умираат од срцеви заболувања поврзани со нивната изложеност на пасивно пушење.
8. Одете на стоматолог – На секои 6 месеци правете контрола на забите. Така ќе го намалите ризикот од срцев удар за 24% и од мозочен удар за 13%. Стоматологот може да забележи знаци на срцево заболување – како што се потечени непца или лабави заби и да ве упати што побрзо да преземете лекување.
9. Обрнете внимание на какви било симптоми – За какви било симптоми советувајте се со вашиот лекар, а не чекајте тие сами да поминат. Посетете го вашиот лекар за што било за кое сметате дека е невообичаено, особено ако забележите, на пример, скратен здив, промени во ритамот на срцето, или исцрпеност.