Рубрика: Биологија
Нови методи во проучување на биолошките молекули
Автор: Калина С. Андонова
Објавено на 01.04.2013 - 10:56

Истражувачите откриле нова метода за проучување на кислородот во големите молекуларни системи. Ова откритие ќе помогне во изучување на сложените конструкции на протеините. Инаку, како што е познато, биолошките молекули се основни единици на градбата на сите живи суштества. Тие содржат водород (H), јаглерод (C), азот (N) и кислород (О). Досега научниците за следење на нивните бранови должини можеа да користат само нуклеарна магнетна резонанција (НМР) и притоа следеа само 3 од 4 елементи во молекулите. Кислородот не можел да се следи.
– Кислородните сигнали се толку слаби, што да се вршат било какви истражувања врз нив. Сега постои начин за детектирање на тие сигнали дури и во многу сложени биомолекуларни системи, вели хемичарот Гунг Ву (Gung Wu).
Д-р Ву и неговите колеги го користат еден од најјаките спектрометри за нуклеарна магнетна резонанција, кој се наоѓа на Универзитетот Queen's во Отава. Со него тие создале магнетно поле во кое јасно се детектирала брановата должина на кислородот. Притоа користеле метода за збогатување на кислородот со изотопи, а била спроведена и нова техника за зголемување на осетливоста при детекцијата на слабите сигнали. Како резултат на оваа постапка, добиена е бранова должина на кислород која може многу лесно да се следи. Така, сега тие можат да ги испитуваат сите четири главни елементи на биолошките молекули и да дознаат многу повеќе за хемиските структури и интеракции во големите молекули. На овој начин, сега детално може да се проучува сложената конструкција на протеините на РНК и ДНК, што отвора големи можности во откривање на причинителите и во лечењето на многу болести, што досега не беше можно. Д-р Ву и неговите колеги Ѓјенфенг Џу (Jianfeng Zhu), Ерик Је (Eric Ye) и Виктор Терских (Victor Terskikh) се автори на овие истражувања, а резултатите од истражувањата се објавени во напис во Angewandte Chemie, едно од водечките светски списанија по хемија.