Се чини дека секој сака да биде посреќен, а потрагата по среќа е еден од темелите на животот. Според авторите на новиот труд, објавен во списанието "Друштво за психолошка наука", дури и среќата може да има темна страна. Велат дека среќата не треба да се гледа како универзално добра работа и ги опишуваат четирите начини во кои тоа е случај. Имено, не се сите видови и степени на среќа подеднакво добри, па дури и самата потрага по среќа може да ги направи луѓето да се чувствуваат полошо.
Луѓето кои сакаат да бидат среќни можат да изберат различни книги кои ќе им помогнат да го направат тоа. Меѓутоа, поставувањето на среќата како цел може да има спротивен ефект од она што се очекува. Џун Грубер од Универзитетот Јеил, Ирис Маус од Универзитетот Денвер и Маја Тамир од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим напишале студија за среќата. Тие сметаат дека луѓето кои се залагаат за среќа може да завршат полошо отколку кога почнале, а тоа е една од многуте недостатоци на среќата.
Техниките коишто често се предложени за постигнување на сопствената среќа не се нужно лоши, како на пример, одвојување време секој ден за да се размислува за работи што нè прават среќни и на кои сме благодарни или поставување ситуации кои најверојатно ќе нè направат среќни. "Но, кога се работи исклучиво со мотивација или очекување дека овие работи треба да нè направат среќни, тоа може да доведе до разочарување и до намалување на среќата", смета Џун Грубер.
На пример, една студија спроведена од страна на Ирис Маус и колегите открила дека луѓето што читаат новински напис кој ја величи вредноста на среќата, се чувствуваат уште полошо по гледањето филм, за разлика од луѓето што го читаат написот во кој не се споменува среќата, веројатно затоа што тие биле разочарани што не се чувствуваат посреќни. Кога луѓето не завршуваат среќни како што очекувале, нивното чувство на неуспех може да предизвика да се чувствуваат уште полошо.
Премногу среќа исто така може да биде проблем. Една студија следела деца од 1920 година до старост и открила дека оние кои починале млади биле оценети како многу весели од страна на нивните наставници. Истражувачите откриле дека луѓето што се чувствуваат екстремно среќни не мора да размислуваат креативно и, исто така, имаат тенденција повеќе да ризикуваат. На пример, луѓето кои имаат манија, како биполарно растројство, имаат повисок степен на позитивни емоции коишто можат да ги доведат до преземање ризик, како злоупотреба на дрога, премногу брзо возење или трошење на своите животни заштеди. Но, дури и за луѓе кои немаат психијатриско нарушување, премногу високиот степен на среќа може да биде лош, смета Грубер.
Друг проблем е несоодветното чувство на среќа. Очигледно не е здраво да се чувствувате среќни кога ќе видите некој како плаче поради загуба на некој близок или кога ќе слушнете дека некој ваш пријател е повреден во сообраќајна несреќа. Сепак, истражувањата на Грубер и нејзините колеги покажале дека ова несоодветно чувство на среќа, исто така, се јавува кај луѓето со манија. Среќата исто така може да значи дека слабо се реагира на негативните емоции кои имаат свое место во животот, исто како позитивните. Стравот може да ве задржи подалеку од преземање непотребни ризици, а вината може да ви помогне потсетувајќи ве да се однесувате добро кон другите.
Навистина, психолошките научници го откриле она што се појавува како реално зголемување на среќата. Најсилен показател на среќата не се парите или надворешното признавање преку успехот или славата, туку тоа е имање смислени социјални односи. Ова значи дека најдобар начин да ја зголемите вашата среќа е да престанете да се грижите за тоа како да бидете среќни и наместо тоа да ја пренасочите својата енергија за негување на социјалните односи кои ги имате со другите луѓе.