Се сеќавате ли на поговорката: "Каде што има чад, има и огин"? За жал, таа не кажува дека каде што има огин има и посебен вид скакулци кои одат по огинот.
Во педесеттите години од минатиот век, гледачите што присуствувале на натпреварите на стадионот Berkley’s Californian Memorial во САД често доживувале да бидат нападнати од роеви скакулци, од кои едвај се одбранувале. Во тоа време науката не можела да даде одговор на оваа многу непријатна појава. Подоцна бил најден одговор: Тие доаѓале по чадот и жарчињата од цигарите на илјадниците гледачи на стадионот. Зошто?
Додека поголемиот број на животни и инсекти бегаат од огин, посебен вид скакулци целиот свој живот бараат огин! Станува збор за скакулци од родот Melanophila, на англиски наречени fire-chasing beetle (бубачка која трча по огин), кои своите јајца можат да ги снесат само во дрвја на кои огинот им ја уништил кората. Огинот има исклучителна важност за нив. Тие се во состојба да летаат и до 100 километри оддалеченост за да ги најдат ваквите дрвја во запалените шуми. Интересно е така што Melanophila acuminata не е особено пребирлива за изворот на огинот кон кој лета. Се разбира, омилени им се шумските пожари, но забележано е дека тие летаат и кон индустриски објекти, високи печки, запалена нафта, но и кон спортски фанови што пушат додека гледаат натпревар.
Melanophilia acuminata го бара огинот со помош на пар вдлабнатинки што се наоѓаат под нивниот среден пар ноџиња. Секоја вдлабнатинка е широка колку неколку влакна од човечка коса. Но, на таквиот многу мал простор се сместени околу 70 ѕвоновидни сензори за детектирање огин, слични на нивните очиња. Подоцна научниците утврдиле дека всушност овие сензори се детектори на инфрацрвени зраци. Секој од овие 70 сензори е исполнет со специфична течност, која се шири кога апсорбира инфрацрвени зраци, а оваа експанзија на течноста им кажува дека во близина има огин.
Способноста за детектирање инфрацрвено зрачење им е зачудувачки голема. Тие можат да детектираат извор на инфрацрвено зрачење до 100 km одалеченост од изворот. Покрај тоа, скакулците Melanophile acuminate се опремени и со сензори кои можат да детектираат топлински промени од 0,13 миливати по метар квадратен. За споредба, сензорите на овие скакулци се осетливи исто колку и радиотелескопите кои денес ги користат астрономите. Исто така, нивните сензори се поосетливи од кој било детектор на инфрацрвени зраци што се продава денес на пазарот за ваква опрема.
Научниците сметаат дека тие имаат и способност за споредување на "податоците"! На тој начин тие дознаваат дали огинот е доволно добар за да одлетаат таму и да ги положат своите јајца.
Овие скакулци ќе бидат тестирани во лабораторија и најверојатно ќе се пронајде технологија за изработка на вакви сензори. Ако биде така, еден ден ќе се градат модели на сензори за инфрацрвени зраци подобри од кои било што постојат денес.