Повеќето луѓе имаат проблеми со помнењето присеќавајќи се на нешто што го слушнале. Истражувачите од Универзитетот во Мисури утврдиле дека заборавот би можел да има нешто со доброто расположение. Елизабет Мартин на докторски студии по психологија утврдила дека во доброто расположение се намалува капацитетот на работната меморија.
Работна меморија, на пример, е способноста да се потсетиме на предметот на разговорот додека го водиме тој разговор. Тоа објаснува зошто не можеме да се потсетиме на телефонскиот број што сме го добиле на забавата додека добро сме се забавувале. Ова истражување е прв показател дека позитивното расположение може негативно да влијае на работната способност на меморијата за складирање. Тоа покажува дека, иако регионите во мозокот се поврзани, можно е да се влијае на една постапка, но не и на друга.
Истражувачите го оценувале расположението на учесниците во студијата пред и по прикажувањето видеоинсерти. На дел од учесниците им бил прикажан дел од стендапкомедија, додека другите гледале видео со инструкции за тоа како да се постават подови. По гледањето, оние што ги гледале комичарите биле во многу подобро расположение, додека расположението на оние што го следеле видеото со инструкции не се променило.
По гледањето на видеото, двете групи пристапиле на тест на меморија. Тестот се состоел од кажување неколку броја на учесникот преку слушалки, со стапка од четири броеви во секунда. Кога снимањето запрело, учесниците биле замолени да се потсетат на последните шест броја во редот. Оние што ја следеле комедијата и биле во подобро расположение имале значително полоши резултати на задачите.
Бидејќи доброто расположение дејствува на зголемување на креативната способност за решавање на проблемите, постојат различни аспекти на размислување. Елизабет Мартин смета дека идните истражувања треба да го анализираат влијанието на расположението врз работниот капацитет на меморијата за складирање во реални животни ситуации.