Тајната на својствата на пајаковата свила носат светлина во биосензорите, ласерите и процесорите. Додека пајаците го користат својот свилен конец за да фатат ручек за себе, истражувачите од Optical Society of America истражуваат како да го употребат, за да направат биоразградлива оптичка технологија.
Всушност, најновите истражувања покажале дека природната свила е добра еколошка алтернатива за манипулирање со светлината, како што сега тоа се прави преку стакло или оптички кабли направени од пластика. Со користење на свилата истражувачите се надеваат дека ќе дојдат до нови начини на изработка на технологии (што се базира на светлина) како што се ласерите или фотонските чипови.
Два тима физичари спровеле независно истражување за потенцијалните фотонски употреби на овие материјали. Еден тим истражувачи, предводени од биомедицинскиот инженер Фјорензо Оменотом од Универзитетот Туфт во Бостон ја истражувале можноста за изработка на протеински препарати кои би можеле да ги користат оптичките својства на пајаковата свила за да направат вградени сензори. Друг тим, предводен од Нолвеном Хубиј од Институтот за физика во Франција, ги проучува својствата на пајаковата свила за да ја спроведува светлината низ фотонски чипови, односно технологија за која се надеваат дека би можела да биде извор на биосензори базирани на свила и медицински уреди што би се употребувале внатре во нашето тело.
За да ги искористи оптичките својства на свилата, тимот на Оменотом развил материјали базирани на свила кои изгледаат како да се пластични, но ги задржуваат оптичките својства на пајаковата свила. Една од предностите на овој материјал е тоа што тој е биоразградлив, и човечкото тело може да го апсорбира. Така, на пример, може да се употреби во изработка на сензори кои ќе бидат вметнати во напукнати коски, со цел да се следи зараснувањето на коската, а потоа едноставно да се пушти телото да го разгради.
Оменотовиот тим истражува широк спектар на употреба на овој материјал, од основна до комерцијална, и не само во областа на вградената оптика. Исто така, истражува можност за употреба на свилата за вградување технолошки компоненти во живо ткиво. Неговиот тим неодамна освоил награда одобрена од страна на Националната фондација за наука.
Тимот на Хубиј, за разлика од оној на Оменотом, е фокусиран исклучиво на оптичките својства на пајаковата свила за да пронајдат еколошки начин за манипулирање на светлото во рамките на фотонските чипови. Како водич на светлото свилата дејствува слично како често користените стаклени микровлакнаšкои пренесуваат светлина во чипот. За разлика од стаклените микровлакна, кои мора да се загреваат на одредена температура, и чиј процес на изработка е скап, свилените пајакови влакна доаѓаат во облик подготвен за употреба и не бараат скапи дополнителни преработки.
Интегрирајќи ја пајаковата свила, истражувачите откриле дека свилата не само што го шири светлото, туку може да го насочи и да го поврзе за одредени делови на чипот. Хубиј се надева дека неговото дело ќе придонесе за создавање на биосенсор кој ќе го детектира присуството на одредени молекули или активноста на некој протеин. На пример, со поминувањето на светлосните бранови низ крвта, молекулите би ги промениле својствата на светлосните бранови што лекарите би можеле да ги мерат и да ги набљудуваат.