Ензим што им овозможува на светулките да светкаат ноќе, им го осветлува патот на научниците кон долго бараниот нов медицински агенс, кој би можел да помогне за подобро следење на згрутчувања во крвта, како и за нивно лечење и разредување со хепарин, кој го користат милиони луѓе во светот за спречување и третирање на згрутчувања.
Протеинот што им овозможува на светулките да светкаат емитува светлина блиска на инфрацрвената – светлина која се користи во таканаречената технологија "ноќен вид", со чија помош војниците можат да гледаат и во мрак. Инфрацрвените зраци продираат длабоко во човечкото тело и можат да им овозможат на лекарите да ги набљудуваат протеините што предизвикуваат згрутчување на крвта. Лекарите и истражувачите и досега го користат ензимот луцифераза, кој го има во стомачето на светулките, но во некои други лабораториски истражувања.
Новите истражувања се голем напредок кон користење на овој ензим во медицинската сликовна дијагностика. Научниците ја користат луциферазата помешана со специјална боја за подобро следење и на процесот на згрутчување, но и како се движи згрутчувањето. Во лабораториски услови успешно биле детектирани мали згрутчувања од специфичниот крвен протеин наречен фактор Xa, кој се користи за набљудување на поцесот кога во крвта ќе се внесе хепарин.
Истражувањето е објавено во списанието Bioconjugate Chemistry, кое еднаш месечно го издава American Chemical Society