Рубрика: Телекомуникации
СИМ-картичките стануваат сè помали
Автор: Калина С. Андонова
Објавено на 18.12.2012 - 11:17

Првата SIM-картичка имала димензии како денешните кредитни картички: 85,60 mm x 53,98 mm x 0,76 mm. Новата нанокартичка ќе биде со димензии 12 mm x 9 mm и дебелина 15% од микро SIM-картичката, која има димензии 25 x 15 mm. Меѓудругото, прочитајте и што претставуваат SIM, PIN и PUK!
Најнапред неколку зборови објаснување за помладите читатели, но и за оние кои по цел ден телефонираат и менуваат SIM-картички од еден во друг апарат, а немале можност да разберат што всушност претставува SIM-картичката.
Subscriber Identity Module (SIM) картичка е мал мемориски чип, кој воглавно се користи кај мобилните телефони и кај други уреди и картички за идентификација. Овие картички содржат лични информации за претплатникот вклучувајќи го телефонскиот број, адресарот, текстови на пораки и друго. Subscriber Identity Module, или Subscriber Identification Module (SIM) – во превод значи претплатнички идентификациски модул, или претплатнички модул за идентификација. SIM-картичката, може да се пренесува меѓу различни мобилни уреди, а првите вакви картички биле направени со иста големина како денешната кредитна картичка (85,60 mm x 53,98 mm x 0,76 mm). Развојот на физички помалите мобилни уреди го поттикнал развојот на помала SIM-картичка, микро SIM-картичка, а неодамна се појави и нано SIM-картичка. Мини SIM-картичките имаат иста дебелина како големата картичка, но нивната должина иšширина се намалени до 25 mm x 15 mm.
Со други зборови, SIM-картичката го содржи сериски број (ICCID), меѓународен мобилен претплатнички идентитет (IMSI), безбедносна проверка и ciphering информации, привремени информации поврзани со локалната мрежа, листа на услуги до кои има пристап корисникот и две лозинки: личен идентификациски број (PIN) за обична употреба и личен код за деблокирање, таканаречен (PUK), со кој може да се отклучи, односно да се деблокира PIN-от.
Какоšшто технологијата се развива и оди напред во сè, така е и во доменот на мобилните телефони. Тие стануваат сè потенки и полесни (првиот мобилен бил голем колку една тула), па така стануваат сè помали и SIM-картичките, кои го следат истиот тренд. Минхенската компанија "Гесек и Девриент", која пред 20 години ја претстави првата комерцијална SIM-картичка, сега пак е еден чекор понапред од останатите со својата нано SIM-картичка.
Нанокартичката ќе биде 30 пати помала од микроверзијатаšшто моментно се користи на Ајфон 4C, а е околу 60 пати помала од стандардните SIM-картички. Најмалата картичка ќе биде околу 12 милиметри долга и 9 милиметриšширока, а дебелината ќе £ биде намалена за 15 отсто.
Од компанијата велат дека, ако се усвои, овој нов стандард драстично ќе влијае врз многу аспекти на производите од мобилната технологија. Покрај тоаšшто ќе почне да се прави нова генерација помали и потенки уреди, нано SIM-картичките ќе ослободат просторšшто ќе може да се искористи за поставување дополнителна меморија или, пак, ќе се зголемат батериите, што двојно ќе ги подобри сите перформанси.
– Создавањето на нано SIM-картичката претставува огромна пресвртница во историјата на минхенската компанија. Со нанотехнологијата, ние го доближивме развојот за еден чекор поблиску до совршенство – вели Аксел Дејнинџер, главен менаџер во "Гесек и Девриент".
Се разбира, новите картички ќе може да се употребат и на модели од постарите генерации со помошš на соодветен адаптер. Од компанијата очекуваат гигантите во мобилната индустрија, како šшто се "Ејпл" и "Самсунг", да ја имплементираат оваа технологија на своите уреди најрано до крајот на 2012 година.