Денес, просечниот корисник не може да го заштити сопствениот компјутер. Како тогаш ќе изгледа светот, кога хакирањето на умот станува толку едноставно како инфицирање на компјутерот со компјутерски вирус? Човечкото знаење за ДНК нанотехнологијата и биомолекуларната обработка се зголемува експоненцијално секоја година. Значи, заштитата на сопствениот мозок од нарушување на безбедноста би можела да стане предизвик од најголем приоритет на 21 век.
Синтетичката биологија станува една од најмоќните технологии на светот. Меѓутоа, многу луѓе се плашат дека игрите на научниците со генетски различни форми на живот би можеле да излезат надвор од контрола и да ја отворат вратата на нова ера биохакирање и биотероризам.
Природно создадените вируси и бактерии не само што предизвикуваат болест, туку и го контролираат однесувањето и општата состојба на носителот. Меѓутоа, последиците од изложеност на вештачки создадени вируси би можеле да бидат многу посериозни од главоболка или треска. Вирусите и бактериите манипулираат со хемикалии во човечкото тело и програмирајќи ги нив да испраќаат соодветни агенси во мозокот, биопрограмерот потенцијално може да ја преземе контролата над однесувањето на жртвата.
Се гледаат почетните фази на индустријата на синтетичка биологија. Некои основни задачи како декодирање, вметнување и вадење делови на ДНК и релативно успешни обиди на клонирање – тоа е сè што, повеќе или помалку може да направи модерната наука.
Хакирање на мозокот звучи страшно, нели?
Во осумдесеттите години компјутерските знаења биле на исто ниво на незрелост. Во тоа време никој не можел да верува дека дваесет години подоцна секој човек ќе има поголема моќ над компјутерот. Клетките се живи компјутери и ДНК е програмерски јазик со кој може да се контролира и да се влијае на формите на животот, верува Ендрју Хесел, од истражувачкиот кампус на НАСА.
Програмирањето на ДНК во овој момент сè уште е шпекулација. Не постои средина за развој или рамка за манипулација на клетките. Исто како кај компјутерското програмирање, прво мора да се развие сет од основни упатства пред просечниот кодер да може да изврши комплексна задача.
Индустријата брзо се развива и иднината на програмирањето на ДНК е сè посветла. Но, кога ќе се повлече паралела со компјутерското знаење, би било подобро за човештвото да го препознае проблемот на малициозни биопрограмери со сета можна сериозност и да развие одбрана и контраофанзивни методи.