HP ги најави новите печатачи HP Officejet Pro и HP LaserJet и решенијата за управување со содржини создадени за редефенирање на печатењето во деловниот сектор и владините институции, овозможувајќи им на корисниците намалување на трошоците, зголемување на ефикасноста и дигитализација на канцелариското работење.
Новите понуди претставуваат најголема надградба на комерцијалните печатачи од HP за последнава декада, означувајќи ја интеграцијата на интелектуалната сопственост и иновациите од целата организација.
HP Officejet Pro X Series десктоп печатачите и мултифункционални печатачи (МФП) овозможуваат до двапати поголема брзина и преполовување на трошоците за печатење споредено со ласерските печатачи во боја од нивната класа. Оваа нова класа на уреди се служи со HP PageWide Technology, инкџет платформа од следната генерација која поставува нов стандард во печатењето наменето за мали работни групи. Оваа серија печатачи на малите и средни претпријатија (МСП), оддалечени (истурени) канцеларии и деловни ограноци им нуди висококвалитетни документи со брзина на печатење до 70 страници во минута.
Создавањето на огромни количества на бизнис и владини податоци значи дека клиентите имаат потреба од следење на менаџирањето и пристапување до информацијата. HP LaserJet Enterprise flow MFP M525c и HP LaserJet Enterprise color flow MFP M575c нудат повисоки перформанси при процесирањето и споделувањето на документи. Ова обезбедува идеален влез во дигиталниот свет со помош на врвно скенирање и влез на податоците, со забрзан премин, од хартија во дигиталната виртуелна канцеларија.
МФП уредите од HP може да се интегрирааат со решенијата за управување со содржини кои се базиираат на софтверските решенија на Autonomy, компанија од семејството на HP, што може да се направи по избор на местото каде се наоѓате или некаде таму во облакот. Со поврзувањето на печатачката технологија на ХП со решенијата на Autonomy, клиентите можат да пристапат до информацијата во докумените, да ја организираат и да ја пренесат, независно дали се работи за аудио или видеосодржина, електронска пошта или интернет-страница.
HP Flow CM Professional на бизнисите во развој им нуди можности еднакви на оние на големите компании, со безбедносни можности кои даваат поддршка за водечки банки, правни фирми и берзи. Понудата базирана на облак ја зголемува соработката и продуктивноста преку олеснето маркирање, индексирање, зачувување, пребарување и повраток на документите преку уникатниот интуитивен интерфејс кој е дизајниран да ги предвиди желбите на клиентот.
HP Flow CM Enterprise е составен од сет на понуди за работа со документите во компаниите (РДК) за големи организации кои даваат моментален пристап до виталните информации и помагаат во интегрирањето, поедноставувањето и автоматизацијата на процесите за намалување оперативните трошоци, подобрување на продуктивноста на вработените и помага во напорите за усогласување.
Организациите со различни големини можат да се справат со потребата за зголемена продуктивност истовремено намалувајќи ја сложеноста на нивното печатачко опкружување.
За МСП кои бараат начин за подобрување на работната ефикасност со брзи, моќни отпечатоци, HP нудат и две дополнителни серии на HP LaserJet Pro печатачи. HP истотака ги претстави и новите и подобрени решенија за справување со документи заедно со печатачите HP LaserJet Enterprise series кои ја поедноставуваат продуктивноста во фирмите. За работниците во движење, HP сега нуди поголем пристап до апликациите на облакот, вклучувајќи ја тука и поддршката за поштенско сандаче од Google Apps преку неговиот HP ePrint Enterprise.
За подобрување на текот на работата со издвојување на комуникациите на клиентите преку посебни канали за печатење и електронска пошта, HP ги нуди HP Exstream LiveSite Connector и HP Claims Correspondence 2.0. HP Exstream LiveSite Connector ги комбинира решенијата од Autonomy и HP Exstream за да понуди доследни, аналитички базирани, таргетирани комуникации. HP Claims Correspondence 2.0 го намалува времето потребно за комплетирање на циклусот побарување-наплата, овозможува побрза обработка на кореспонденцијата и ја зголемува он-лајн свесноста за статусот на побарувања преку обединување на содржините на документите со луѓето и процесите.
Повеќе информации за решенијата на ХП од овој текс може да најдете на www.hp.com/go/FallBizPrinting.