На 22 и 23 октомври во Барселона, Шпанија се одржаа двата главни настани на Интел кои се фокусираат на европското истражување, развој и иновации – "Истражување@Интел Европа" (Research@Intel Europe) и "Европската конференција за истражување и иновации" (ERIC). Обата настана на едно место собраа повеќе од 400 делегати од академии, влади, индустрии и медиуми.
Џастин Ратнер, главниот директор за технологија и директор на "Интел лабс", го откри "Facets of Future Life", кој е приказ на повеќе од 15 иновативни истражувачки проекти на "Интел лабс" Европа. Овие истражувачки проекти ќе помогнат да се трансформира технологијата која ќе ги промени животите на луѓето во наредните десетина години, од компјутеризирани градови, домови, канцеларии, автопати, начинот на кој комуницираме и возиме. Интел исто така ја прикажа 10-годишнината од "Галеријата на познатите" каде што ги истакна клучните технологии што произлегле од "Интел лабс" и прераснале во производи на пазарот во изминатата декада.
Темата на ERIC 2012 е "Градење паметно, одржливо и инклузивно општество преку создавање партнерство помеѓу истражување и иновации". Ќе има најразлични области на кои ќе се фокусираат како одржливи поврзани градови, компјутерска архитектура, социјална иновација и обезбедување на cloud и мобилно процесирање во рамките на настанот. Присутните ќе имаат можност да ги продлабочат знаењата во областа во која се експерти, да се поврзат со колеги и да соработуваат со академии, индустрии, влади и претставници на Интел.
Центарот за истражување и развој на Интел во Барселона оваа година ја слави својата десетгодишнина. Лоциран на Политехничкиот универзитет во Каталонија, овој центар е еден од основачките членови на Интел лабс Европа во 2009 година. Интел Барселона беше основан во 2002 година и врши истражувања за хардверска и софтверска технологија за идни микропроцесори. Исто така Интел Барселона придонесе во дизајнирањето на втората генерација јадрени процесори, под името Sandy Bridge и има посебен фокус на истражување во терапроцесори, кои содржат многу јадра со способност да водат повеќе задачи истовремено.
Универзитетската програма на Интел додели почести за исклучителните професори на почетокот на кариерата и студенти на докторски студии кои изведуваат водечки, иновативни истражувања во полиња поврзани со дејноста на Интел и истражувања од интерес на Европската Унија, Швајцарија и Русија. Целта на овие почести е да се помогне во унапредувањето на иновацијата во клучни области на технологијата, како и да се развие проток на талент за идните истражувачки напори на Интел, работната сила и глобалната економија. Покрај посочувањето на врвните таленти со овие почести, Интел соработува со стратешки истражувачки универзитети низ целиот свет за да се прошират предметите што се изучуваат, да се започне со активно истражување, спонзорирање натпревари за иновации и да ги охрабри студентите да учествуваат во истражувања во текот на образованието. Овие престижни и натпреварувачки програми со ограничен број почести се доделуваат секоја година. Одбрани професори и студенти ја добиваат оваа награда и се почестени како најдобри во своите области на истражување.
Овој 24-часовен натпревар е интензивно искуство што вклучува студенти од цела Европа кои ги применуваат своите претприемнички вештини. На овој натпревар во Барселона, учествуваа поранешни учесници на претприемничките програми од Меѓународниот саем за наука и инженерство и Џуниор ачивмент- Млади претпријатија во Европа. Со соединувањето на група од 32 млади луѓе, некои со научно, технолошко, инженерско и математичко знаење и други со деловно и претприемничко искуство, се обезбеди разновидна платформа за раст на иновацијата и за проширување на хоризонтите на студентите.