Последните научни истражувања во врска со меморијата сугерираат дека нашиот мозок помни многу повеќе отколку што ние самите мислиме. Замислете го следното сценарио: еден ден во паркот забележувате група луѓе кои се караат и со кои се разминувате. Следниот ден дознавате дека полицијата бара некој кој би можел да го идентификува осомничениот за (убиство) напад. Иако сигурно ќе помислите дека нема да можете да дадете позитивна идентификација, новата студија открива дека вашиот мозок најверојатно го има запомнето.
– Според студијата, таквите информации си го наоѓаат патот до нашата меморија, било да сме во состојба да се сетиме или не – пишува списанието Psychological Science.
– Бадијала се плашиме од неуспех во обидот да се сетиме. Сомневањето се должи на фактот што меморијата не е доволно силна за да го поддржи позитивниот одговор, – вели Анат Марил (Anat Maril) од универзитетот во Ерусалим.
– Досегашното класично мислење како поим доаѓа од почетокот на модерната психологија и лежи на премисата дека она на што не му е обрнато внимание не се запомнува, – вели Јаков Хофман (Yaakov Hoffman) од универзитетот во Ерусалим.
Хофман заклучува дека можеби сето она што го гледаме се зацртува во нашата меморија, како на пример, рекламите на билбордите кога поминуваме покрај нив, без да сме свесни за тоа. Но, треба да сфатиме дека за да ги добиеме потребните информации, треба да знаеме како да го поставиме прашањето, но исто така и внимателно да го слушаме и да го анализираме одговорот. Затоа имајте предвид дека "Мислам дека не ми текнува" не значи исто што и "Не ми текнува". Заклучокот е дека нашиот мозок помни многу повеќе од она за кое сме свесни дека сме го запомниле, само потребна е упорност во барањето на одговорот.