Рубрика: Астрономија и астронаутика
Пронајдена карпеста планета во системот Алфа Кентаур
Автор: Александар Тошоски
Објавено на 18.10.2012 - 10:00

Европските астрономи открија планета со маса слична на Земјината што орбитира околу ѕвездата Алфа Кентаур Б, која што е еден од трите члена на системот Алфа Кентаур кој, пак, е најблизок до Сонцето. Планетата е откриена со помош на со инструментот HARPS поставен на 3,5-метарскиот телескоп во опсерваторијата Ла Сила (La Silla) во Чиле, која е Изградена од европската организација Европска јужна опсерваторија (European Southern Observatory). Инструментот HARPS го мери минималното поместувањето на набљудуваната ѕвезда предизвикано од гравитационото привлекување на нејзините планети.
Планетата е наречена Алфа Кентаур Бб и се наоѓа на оддалеченост од 0,04 астрономски единици (6 милиони километри) од Алфа Кентаур Б. Планетата кружи околу Алфа Кентаур Б секои 3,2 дена, а нејзината маса е околу 1,13 од масата на Земјата. Овие вредности се приближни бидејќи сè уште не е позната инклинацијата на орбиталната рамнина на планета во однос на екваторот на Алфа Кентаур Б. Површинската температура на планетата е проценета на 1200 °C поради што таа не може да поддржува живот.

Клучни зборови: