Мобилните телефони не се безопасни. Опасноста се крие во тоа што биолошкиот ефект од електромагнетото поле се акумулира така šшто настануваат одложени последици, меѓу кои се развој на дегенеративни процеси на централниот нервен систем, но и леукемија, како и хормонални заболувања. Затоа се препорачува што е можно повеќе да се скратат разговорите по мобилен телефон, како и да се држи што подалеку од главата.
Лекарите од руската организација “Лига за здравјето на нацијата“ предупредуваат дека мобилните телефони без кои не може да се замисли животот на современиот човек се опасни за нервниот систем на човекот.
- На удар првенствено се нервите, но и ендокрините и репродуктвните системи на корисниците, изјави за рускиот весник “Известија“ потпретседателот на “Лига за здравје на нацијата“, Николај Кононов.
Шведските експерти на Каролинска институтот пак, уште во 2004 година соопштија дека по десетгодишна употреба на мобилните телефони расте опасноста од појава на тумор на увото на кое најчесто се користи мобилниот телефон. На таа страна 3,9 пати почесто се јавува акустичен неуриом (бениген тумор) во однос на другата страна. Исто така, констатиран е и карцином во мозокот со облик на топченце како последица на голема употреба на мобилен телефон.
Опасноста се крие во тоа што биолошкиот ефект од електромагнетото поле се акумулира така šшто настануваат одложени последици, меѓу кои се развој на дегенеративни процеси на централниот нервен систем, но и леукемија, како и хормонални заболувања. Електромагнетите бранови се особено опасни за децата и за трудните жени во поодмината фаза на бременоста поради šшто на идните мајки им се препорачува што е можно повеќе да ги скратат разговорите по мобилен телефон. Да не ги заборавиме да ги споменеме бизарните постапки на некои несовесни родители кои им даваат да си играат со мобилните на своите сосема мали дечиња!
Денешните мобилни телефони засновани се на работа на мрежни репетиторски станици (т.н. ќелии, па отука и називот cell phone) кои покриваат одредени подрачја, а сите заедно ја сочинуваат мрежата на еден град или целата држава. Кога корисникот се оддалечува од една ќелија-репетитор, сигналот од тој репетитор слабее и телефонот автоматски го презема сигналот од друг репетитор, без тоа да го забележи корисникот. Со мерења било установено дека нивото на штетните зрачења од репетиторските антени се занемарувачки и не се опасни за минувачите покрај нив. Мобилната телефонија во високоразвиените земји има многу погуст распоред на репетиторите во урбаните средини, така што нивоата на зрачење на мобилните телефони се многу пониски од градовите и државите каде што бројот на репетиторите е мал. Кога ќе се заврши разговорот телефонот преоѓа во т.н."празен од" (Stand-by), при што повремено ја одржува врската со некоја базна станица.
Секако дека постојат и повеќе мерки на претпазливост кои е добро да се знаат.
И предавателните уреди на репетиторите и мобилните телефони имаат автоматска регулација на засилување и за многу кусо време се воспоставува врската и почнува мобилниот да функционира на минимална снага која е доволна за квалитетна комуникација. Затоа се препорачува, а со цел да се намали штетноста од зрачење, мобилниот да се донесе до увото 2-3 секунди откако ќе се воспостави врската. Кај повеќе мобилни телефони, посебно кај постарите генерации, неопходно е користење на дополнителни слушалки со микрофон бидејќи на овој начин мобилниот е подалеку од главата. Некои мобилни телефони имаат вграден засилувач на говорниот сигнал, што овозможува мобилниот да не мора да биде залепен за увото.
Врз основа на извршени мерења на преку 800 мобилни телефони од разни производители и на разни локации добиени се интересни резултати. Со поизразито ниски зрачења се истакнуваат апаратите на Nokia, Sony Ericsson, Siemens, како и на Samsung и Panasonic.
Добро е да се знае дека и фиксните телефони кои имаат безжичен дел исто така не се безопасни, особено оние кои имаат поголем домет. Некои од нив работат на растојание и до 2km.
- Ние секако не забрануваме користење на мобилни телефони, но советуваме разумна претпазливост бидејќи 70 проценти од вкупното електромагнетно зрачење на населението се добива токму од мобилните телефони, вели Кононов.
Експертите од “Лигата за здравје на нацијата" укажуваат дека побезбедни се куси разговори поради šшто советуваат дека е подобро да се разговара пет пати по една минута, отколку пет минути одеднаш. Интервалот меѓу повиците би требало да биде најмалку 15 минути.
Да го напишам овој текст ме поттикна застрашувачки големата употреба и користење на мобилни телефони од основците, но и од средношколците. Ги користат за зборување, пораки, игри и за непрестано слушање музика... Ги користат кога шетаат, се дружат, кога се возат во градскиот превоз. Многумина од нив користат дури по два: едниот за бесплатни разговори со семејството, а другиот за другарите и пријателите. Така било евтино, а при тоа многумина не знаат дека евтиното еден ден може да ги чини многу СКАПО!