Седењето ги ослабнува мускулите на задникот и на нозете и предизвикува затегнатост во колковите, што потоа доведува до хронични болки во грбот. Со намалување на времето поминато во седење се намалува и ризикот од смрт од кардиоваскуларни болести за 42%. Исто така, некои истражувачи сметаат дека со поголема подвижност не само што се ослободува поголема енергија, туку се активира и клучниот ген за согорување на мастите, особено во долните делови од телото.
Долгото седење предизвикува и здравствени проблеми покрај естетските. Со цел да се надминат овие проблеми, би требало редовно да се вежба, да се користи секоја можност да се стане и да се оди до прозорецот, принтерот, до апаратот за кафе или на кратки разговори со колегите.
Затоа организирајте го времето така за да можете во текот на денот и да стоите и да седите. Идеално би било на 45 минути стоење да дојдат 15 минути седење. Дури 50% од луѓето кои работат на стол се жалат од болки во грбот. Најголемата причина за ова е неправилното седење. Бедрата треба да бидат под прав агол со остатокот од телото, нозете лесно раширени, грбот исправен, рамењата потпрени наназад. Додека работите на тастатурата, рацете треба да бидат поставени под агол од 90 степени, додека очите треба да бидат на исто ниво со мониторот. Започнете со 20 минути стоење на секој час и потоа постепено зголемете го времето како што ви се подобрува физичката кондиција. Кај лицата кои седат осум часа на ден, ризикот од смрт се зголемува за 15 проценти, во однос на оние кои седат најмногу четири часа во текот на денот, додека седењето од 11 часа ризикот се зголемува на 40 проценти.
Она што е толку опасно во долготрајното седење сè уште не е целосно разјаснето, но е утврдено дека движењето и вежбањето позитивно влијаат на триглицеридите во крвта со што се намалува ризикот од болести на срцето и крвните садови.