Денес Сонцето ја досегнува најсеверната точка на небото на Земјата. Датумот наречен солистициум традиционално ја означува промената на годишните времиња – премин од пролет во лето на северната хемисфера и од есен во зимата во јужната Земјина хемисфера.
Овој премин на сезоните го одбележуваме со оваа прекрасна слика направена 2007-та година од страна на Опсерваторијата СТЕРЕО (Solar TErrestrial RElations Observatory) на НАСА. Сателитот ја направи првата тридимензионална слика на нашето Сонце. Двегодишниот проект СТЕРЕО, кој беше лансиран 2006 година, ни пружи уникатен и револуционерен поглед на корелациите во системот Земја-Сонце.