Водечки научници на полето на неврологијата предупредуваат на опасноста од стареење на мозокот. Ако не внимавате на исхраната, јадете брза и масна храна, не се рекреирате, не се движите туку постојано користите автобус или автомобил, ретко читате книги, постојано гледате ТВ или филмови на ДВД, полека но сигурно ја губите мозочната кондиција, односно вашиот мозок побргу старее. Факт е дека многу многу тешко може да се коригира и подмлади умот, но сепак постои начин и можност. Сè е во ваши раце, сè зависи од вас самите.
Значи, добра вест е дека стареењето на мозокот може да се забави, но и веќе остарените клетки можат да се подмладат. За да бидат резултатите добри, пред сè, треба да внимавате на животниот стил и мозочниот тренинг.
Што, всушност, се сучува? Ова најдобро и најсликовито го објаснил Џејмс Џозеф, директорот на Центарот против стареење на човечкиот организам на Универзитетот "Тафт" во Бостон, кој вели дека невроните на мозокот, ако не се внимава, се однесуваат како некои стари брачни двојки и престануваат да комуницираат меѓу себе, како што правеле порано. Сите функции што го држат мозокот во пасивна состојба ги оштетуваат неуроните.
Еве неколку совети како да ја подобрите кондицијата на вашиот ум:
- Читајте што повеќе. Читањето ќе ви го разубави денот и ќе ви помогне да ви стане поподнослив, ако ве измачуваат проблеми. Добиените информации го држат вашиот ум во кондиција на помнење. Научниците утврдиле дека читањето на глас го вклучува мозокот да функционира како прекинувач. За најдобри резултати читањето треба да биде брзо и јасно. Ако тоа се комбинира со сметачки операции (не користете постојано дигитрон), тогаш резултатите за подобра меморија се уште подобри.
- Истражувањата направени во САД утврдиле дека друштвените игри влијаат на виталноста на мозокот. Приматот го има, се разбира, шахот.
- Многу добри за вежбање на мозокот и збогатување на фондот на зборови се крстозборите.
- Храната помага за бистар ум и против стареење на мозокот. Полифенилите во грозјето и гроздовиот сок се супер анти-оксиданси кои не дозволуваат деградација на мозочните клетки. Истите ги има и во црвеното вино, но тоа се препорачува на повозрасните и тоа само една чаша дневно. Антоцининот кој го има во боровинките, рибизлите, јагодите, сливите и вишните, исто така, го поттикнува работењето на клетките на мозокот и го подобрува квалитетот на помнењето. Стимуланси за подобра меморија се масните киселини омега 3, 6 и 9, како и витаминот Е и Б-витамините, а особено Б12.
- Промената во рутината на дневните активности, како миење заби со лева место со десна рака, одење до училиште или работа по друга патека, исто така е начин да се вежба мозокот.
- Пешачењето е активност која ја поттикнува циркулацијата на крвта во мозокот. Доволни се само дваесетина минути дневно за да се намали ризикот од нарушување на помнењето и концентрацијата.
Значи, вежбајте го мозокот со решавање крстозбори, читање, јадење здрава храна, промена на дневната рутина и пешачење. Така ќе бидете задоволни од постигнатите резултати и квалитетот на вашиот меморија и концентрација.