Видеосерверите, со право може да се рече дека го претставуваат срцето на една станица за емитување, продукција, постпродукција или едитирање. Од нивната функционалност зависи целокупната ефикасност и работа. Од таа причина треба мошне внимателно да се одбере вистинскиот, најдобриот и при тоа да се одмери за потрошениот буџет што се добива. При изборот не треба да се мисли на тоа колку финансиски сретства ќе се потрошат, туку дали истиот ќе ги задоволува и идните потреби и во смисла на капацитет и во смисла на технологија, која како и во сè се менува, па затоа од време навреме треба да се прочита или да се види што има ново на тој план. Текстов дава информации за еден нов видеосервер, NEXIO AMP на компанијата HARRIS.
NEXIO AMP е нова генерација на видеосервер со напредна технологија и напредна медиа платформа. Набљудувајќи ја неговата HD/SD архитектура, се доаѓа до сознание дека сите правила за досегашните видеосервери на некој начин се менуваат. Промената е во позитивна смисла. NEXIO AMP е видеосервер најдобар во својата класа во однос на заштита на складираните податоци, интегрираниот софтвер на кодеците и автоматската up/down/cross конверзија на форматите, што го прави мошне погоден за употреба. NEXIO AMP има високи перформанси во однос на содржината и брзината, па затоа е погоден за поддршка на повеќе канали во исто време. NEXIO AMP има голема флексибилност на I/O (влез/излез), со можност за софтверска конфигурација на HD/SD, одделно или миксирано, како на форматите, така и на начинот на работа. Работи во реално време со 64-битно процесирање. Интегрираното медиа менаџирање е дизајнирано така да може да дава софтверска поддршка на сите постоечки сервери за бродкаст апликации на компанијата Цо:HARRIS, вклучувајќи медиа анализи и брендирање на каналите, како и автоматско мониторинг гледање на сè што влегува и излегува од него.
Поради сите овие можности може да се употреби во студио за вести, во студио за монтажа, медиа транспорт, емитување на програма и др.