Научниците на Хаваи откриле еден вид мов кој веќе 50 000 години сам се обновува и се клонира. Се верува дека ова е најстариот повеќеклеточен организам на Земјата кој го има ова несекојдневно својство. Мовот Sphagnum palustre е еднополово растение. Иако овој вид мов се наоѓа на повеќе подрачја на северната полутопка, се чини дека само на Хаваите се размножува по пат на клонирање. Научниците утврдиле дека сите колонии на овој вид мов поседуваат редок генетски маркер. Тоа е доказ дека потекнуваат од исто почетно растение, кое на овие простори пристигнало во форма на спора, носена од ветерот и тоа пред неколку десетици илјади години.
– Можете да очекувате едно растение да има волку ретко својство. Неверојатно е тоа да го имаат повеќе растенија, вели коавторот на студијата, Ерик Карлин.
Фосилните остатоци од Sphagnum palustre се пронајдени во тресет стар околу 23 900 години. Токму поради тоа научниците утврдиле дека овој вид мов живее на Хаваи толку долго, а можеби и уште подолго. За да ги проверат своите проценки, научниците направиле комплексна анализа за разноликоста на сегашните колонии и за брзината на нивното мутирање. Анализата покажала дека на дел од колониите им биле потребни 50 000 години за да се развијат во сегашната варијанта.