Серијата на прецизни операциски засилувачи OPA211 се одликува со многу низок шум (1,1nV/√Hz) и струја на напојување од само 3,6mA. Оваа серија исто така нуди и можност излезниот напон да биде еднаков на оној кој го користите за напојување, со што драстично го зголемува динамичкиот опсег.
Исклучително малите вредности за напонот и струјата на шумот, големата брзина, како и широкиот опсег на излезниот напон ја прави серијата OPA211 одличен избор при градба на филтер-засилувачи кај PLL апликациите.
Кај апликациите кои бараат прецизен пренос на податоците, OPA211 серијата на операциски засилувачи обезбедува време на смирување (settling time) од 700ns со 16-битна точност поддржана од излезен напон ±10 V. Овие AC карактеристики, во комбинација со офсет од само 125μV и температурен дрифт од 0,35μV/°C, го прават OPA211 идеален како побудно коло за високопрецизни 16-битни AD конвертори или како излезен бафер во DA конверторите со висока резолуција.
Други поважни карактеристики се: изобличувања THD+N = –136dB (при G=1, f=1kHz), GBP=80MHz (G=100), 45MHz (G=1), Slew Rate = 27V/µs, напојување ±2,25V... ±18V (4,5V...36V) и максимална излезна струја 30mA. Согласно овие карактеристики полето на примена (освен претходно наведените) ги опфаќа и активните филтри и нискошумните инструментациски засилувачи.
• Low Voltage Noise: 1,1 nV/√Hz at 1 kHz
• Input Voltage Noise: 80 nVPP (0,1 Hz to 10 Hz)
• THD+N: –136dB (G = 1, f = 1 kHz)
• Offset Voltage: 125 µV (max)
• Offset Voltage Drift: 0,35 µV/°C (typ)
• Low Supply Current: 3,6 mA/Ch (typ)
• Unity-Gain Stable
• Gain Bandwidth Product: 80 MHz (G = 100) ; 45 MHz (G = 1)
• Slew Rate: 27 V/µs
• 16-Bit Settling: 700 ns
• Wide Supply Range: ±2,25 V to ±18 V; 4,5 V to 36 V
• Rail-to-rail output
• Output current: 30 mA
Примена кај: PLL Loop Filter; Low-Noise, Low-Power Signal Processing; 16-Bit ADC Drivers; DAC Output Amplifiers; Active Filters; Low-Noise Instrumentation Amplifiers